Од листата на здрави, вегетаријански јадења ви го претставуваме рецептот за брзо приготвена киноа со брокула и моркови.
Имате 20-тина минути слободно време, а ви се каснува нешто здраво и вкусно? Ова е вистинското решение за вас. Овој рецепт изобилува со здрави намирници, богат е со протеини и витамини, а не содржи глутен. Идеално е за вегани и за сите кои обожаваат јадења со зеленчук.

Состојки:
- 1 чаша киноа
- 2 чаши вода
- 2 лажици масло од сусам
- ½ чаша сечкан кромид
- 2 чешниња ситно сечкан лук
- 1 лажица ситно сечкан ѓумбир
- брокула
- 2 пиперки или неколку печурки по желба
- 2 моркови
- 2 ½ лажици соја сос.
Подготовка:
- Во мало тенџере на оган ставете ја киноата и додајте ја водата. Штом водата зоврие, тенџерето покријте го со капак, намалете ја температурата и оставете да вари на тивок оган додека киноата ја апсорбира целата течност. Тоа би требало да биде за време од околу 10 минути.
- Во вок тава, на умерена температура ставете го маслото да се загрее. Во загреаното масло ситно сечканиот кромид, лук и ѓумбирот. Пропржете за време од 5 минути додека кромидот омекне.
- Во тавата додајте ги брокулата исечена на цветови, сечканите моркови и пиперки. Измешајте и додајте го соја сосот и варената киноа. Тавата покријте ја со капак и оставете да се готви јадењето за време од 5 до 6 минути. Често мешајте. Штом брокулата омекне, јадењето е готово.
- Вака приготвената киноа со брокула послужете ја веднаш. На здравје!
Ви предлагме да прочитате: 6 причини да јадете киноа.