Овој рецепт за киноа ќофтиња е еден од избраните и наградените во брилијантниот кулинарски предизвик. Мора да признаеме дека е доста иновативен и пријатно бевме изненадени од предлогот на Викторија, па со задоволство го објавуваме. Вегетаријански е и без глутен.
Се заблагодаруваме за одличниот рецепт и фотографија кои ни ги испрати Викторија, па еве што треба да имате за да може да си ги направите и вие дома.

Состојки:
- 100 грама неварена киноа
- 1 тиквичка со средна големина
- 1 морков со средна големина
- 1 јајце
- сол по вкус
- мелен црн пипер од Витаминка по вкус
- неколку гранчиња магдонос
- масло Брилијант од Витаминка.
Подготовка:
- Киноата прво измијте ја, па оставете ја да кисни околу еден час. Потоа во сад на оган ставете вода да зоврие. Штом водата зоврие додајте ја киноата. Се остава да се вари 15-тина минути, по што се процедува.
- Тиквичката и морковот измијте ги, излупете ги, па изрендајте ги. Малку посолете ги и по 10-тина минути, со стегање со рацете исцедете го вишокот на течност.
- Така припремени пропржете ги со Брилијант маслото за време од 7-8 минути. Тавата тргнете ја од огнот и додајте ја претходно сварената и исцедена киноа.
- Во смесата додајте ги јајцето, солта, мелениот црн пипер, ситно сечканиот магдонос и други зачини по желба. Измешајте убаво, покријте го садот и оставете ја смесата да отстои неколку часа во фрижидер.
- Потоа со навлажнети раце оформете ги ќофтињата и се пржете ги во врело Брилијант масло од двете страни, додека добијат жолтеникаво-златна боја.
- Сервирајте ги со павлака, тартар или друг сос по желба. Уживајте во светот на вкусовите, на здравје!
Рецептот го испратил: Викторија Николовска.
Ви препорачуваме да прочитате: Пире со спанаќ и бадеми.
*Спонзориран рецепт.