салата со варени компири и јајца

Кремаста салата со варени компири и јајца

Кремаста, вкусна и идеална за сечија пригода! Вака можеме накратко да го опишеме рецептот за кремастата салата со варени компири и јајца. Ни се допадна затоа што се приготвува едноставно, само со неколку состојки, а притоа може да ги искористите варените компири или јајца од претходниот ден.

Плус тоа, секој ќе може да ја направи. Може да ја послужите како мезе за свечени трпези или седенки со пријателите, или пак како додаток во ручекот или вечерата со парче риба и динстан зеленчук.  За да добиете салата со совршен вкус ви предлагаме да користите Витанез салатен мајонез. Но, можете да ја направите со Витанез или посен Витанез. А ако внимавате на својата линија, ви предлагаме да ја направите со Витанез Light кој содржи до 35% помалку масти.

салата од компири и јајца

Состојки:

  • 6-8 варени компири
  • 3 варени јајца
  • ¼ чаша кромид (пожелно е да користите млад кромид)
  • ½ – 1 чаша Витанез
  • 1 лажица киселина
  • 1 лажица павлака по желба
  • ¼ мала лажичка сол
  • ¼ мала лажичка црн пипер во зрно од Витаминка.

Подготовка:

  1. Компирите излупете ги и измијте ги. Потоа исечете ги на поголеми коцки.
  2. Ставете ги во тенџере со вода да се варат. Штом водата во тенџерето зоврие, намалете ја температурата и продолжете со варењето околу 8 до 10 минути, или додека компирите омекнат.
  3. Варените компири исцедете ги и оставете ги да се изладат.
  4. Во меѓувреме во тенџере на оган ставете вода и додајте ги јајцата. Варете ги 10 минути, а потоа тргнете го тенџерето од огнот. Варените јајца оставете ги да се изладат, а потоа излупете ги и исечете ги на четвртинки. Четвртинките пресечете ги на половина.
  5. Кромидот исечкајте го на ситни парчиња.
  6. Во длабок сад за салата ставете ги компирите, сечканите јајца и кромидот.
  7. Во друг сад ставате ги мајонезот, киселината, павлаката, солта и свежо мелениот црн пипер од Витаминка. Измешајте ги и сосот додајте го во садот со компирите.
  8. Салатата кратко измешајте ја и послужете ја. Уживајте во светот на вкусовите со Витаминка!

Ви предлагаме да прочитате: Пролетна свежа салата со прелив од мајонез и павлака.

*Комерцијален рецепт

Сподели: