Кременадли во кремаст сос со лук

Размислуваш и разгледуваш нови идеи за ручек или вечера? – Направи кременадли во кремаст сос со лук! Меки се и сочни, а приготвени по вистинскиот рецепт ќе ве одведат по патот на ново гурманско доживување. 

Што е важно за екстра вкусен ручек, кој ќе му се допадне на целото семејство? Љубов, малку слободно време и се разбира, квалитетни состојки. Нашата земја има многу да понуди, па да ги искористите нејзините дарови. За почеток набавете свежи македонски кременадли од Агриа. Агриа имаат свои фарми, произведуваат сопствена храна и секој ден во нивните месарници во Штип, Велес и Битола може да најдете домашно свежо свинско месо кое е со врвен квалитет. Исто, за подготовка на рецептот користете македонски лук чија арома е далеку подобра од кинескиот. А ако имате бујон од домашно пиле, тогаш изборот на состојки е прав погодок.

кременадли во кремаст сос од лук

Состојки:

  • 4 свежи кременадли од Агриа
  • Сол и црн пипер по вкус
  • 1 лажица маслиново масло
  • 2 лажици путер
  • 2-6 чешиња лук (по вкус)
  • 1 лажица брашно
  • ½ чаша пилешки бујон
  • ½ лажичка сок од лимон 
  • ¼ лажичка лук во прав
  • ¾ чаши течна неутрална павлака.

Подготовка:

  1. Кременадлите извадете ги од фрижидерот 15-30 минути пред да започнете со подготовката. Зачинете ги со сол и црн пипер од двете страни. 
  2. Во длабока тава ставете ги маслиновото масло и една лажица путер. Оставете путерот да се расопи, на средно – висока температура. 
  3. Во загреаното масло додајте ги кременадлите и пропржете ги 3-5 минути по страна или додека добијат златеста боја. Доколку кремендалите се послаби, пржете ги по 3 минути, а ако се подебели по 5 минути. Пржените кременадли ставете ги во чинија. 
  4. Во тавата додајте го преостанатиот путер и чешнињата лук. Намалете ја температурата и пропржете го лукот околу 3 минути или додека порумени. 
  5. Лукот тргнете го на страна во тавата и додајте го брашното. Мешајте околу 30 секунди за да се запржи брашното. Во тавата додајте ги бујонот и сокот од лимон. Измешајте со жица за матење и варете околу 1 минута или додека сосот се згусти. 
  6. Во тавата додајте ја неутралната павлака и лукот во прав, и измешајте. Вратете ги кременадлите и оставете ги да се динстуваат околу 3-5 минути или додека сосот се згусти. Јадењето оставете го неколку минути, а потоа послужете го. По желба зачинете со сол и мелен црн пипер. На здравје!

Совети плус:

  • Во сосот по желба може да додадете сечкани печурки кои ќе ги пропржите заедно со лукот. 
  • Ако нема месарница од Агриа во твојот град, нивното месо може да го најдеш во Тинекс и Рамстор маркетите. 
кременадли агриа

Може да те интересира: 8 совети за подготовка на сочно пржено свинско месо.

*Рецептот е поддржан од Агриа.

Сподели: