крцкав леб со кашкавал

Крцкав леб со кашкавал

Можеби сте го виделе овој крцкав леб со кашкавал кој некое време кружи низ интернет и сигурно ви се направило желба за да го пробате. Многу е едноставен за припрема и вкусен, а состојките кои ви се потребни може да ги менувате по желба.

Оваа идеја ја испроба и нашата пријателка Лана, од блогот Kuhinjica Mignone, а толку изгледа вкусно, што во првата прилика вреди да се проба. Па, ако имате бајат леб и не знаете како да го искористите, ова е супер рецепт.

крцкав леб со кашкавал

Состојки:

  • 1 бајат леб
  • 150-200 грама кашкавал
  • ситно сечкан млад кромид или лук по желба
  • сол и мелен црн пипер.

Подготовка:

  1. Лебот засечете го како што е прикажано на сликата, но внимавајте да не го пресечете до крајот. Во внатрешноста ставете парчиња кашкавал или друго сирење кое се топи.
  2. Во тава на оган ставете малку масло да се загрее и додајте го ситно сечканиот кромид да се пржи. Посолете го по вкус и наросете мелен црн пипер. Штом кромидот ќе омекне, тргнете ја тавата од огнот, а кромидот распоредете го насекаде по малку.
  3. Лебот ставете го во тава обложена со хартија за печење. Печете го во загреена рерна на 200 степени за време од 15 минути, за да се растопи кашкавалот.
  4. Печениот крцкав леб со кашкавал послужете го веднаш, додека е топол и грицкајте коцка по коцка. На здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: Ќофтиња од тиквички и бајат леб.

Сподели: