chicken nagets

Крцкав пилешки нагетс

Дали знаете која е тајната на превкусните крцкави пилешки залчиња кои се служат во рестораните за брза храна? Имате пробано да ги направите дома, но не го добивте посакуваниот вкус? – Имаме супер рецепт за крцкав пилешки нагетс.  

Направете крцкав и превкусен пилешки нагетс ист како од рестораните! Овој рецепт е инспириран од познатиот KFC пилешки нагетс кој е омилен на многумина. Може да го подготвите со пржење или печење, а изборот го оставаме на вас. Послужете ги со сос како дел од ручекот или направете вкусни домашни сендвичи.

пилешки нагетс

Состојки:

  • 500 г пилешки стек од Слога
  • 150 г чипс од компири
  • 100 г корнфлекс без шеќер
  • 5-6 лажици брашно
  • 2 јајца
  • 2 мали лажички сув магдонос
  • 1 мала лажичка лук во прав
  • сол по вкус
  • масло за пржење по потреба.

Подготовка:

  1. Пилешкиот стек кратко исчукајте го со готварски чекан, а потоа исечете го на парчиња со големина 2*2 см.
  2. Чипсот, корнфлексот, магдоносот, лукот во прав и малку сол ставете ги во кујнски процесор или сечко и сомелете ги. Смесата ставете ја во длабока чинија.
  3. Во чинија ставете го брашното. Во друга длабока чинија изматете ги јајцата.
  4. Пилешкиот стек ставете го во садот со брашното и добро набрашнете го од двете страни. Потоа ставете го во садот со јајцата и на крај панирајте го со смесата од чипс и корнфлекс.
  5. Пилешкиот нагетс пржете го во загреано масло од двете страни додека порумени. Извадете го врз кујнска хартија за да се впие вишокот на масло. Послужете ги додека се топли со сос по избор, како кечап или ѕаѕики. На здравје!
пилешки нагетс

Совети плус:

  1. Ако сакате да направите поздрава варијанта ви предлагаме пилешкиот нагетс да го подготвите со печење. Панираните парчиња месо наредете ги врз тава обложена со хартија за печење и попрскајте ги со малку масло. Печете ги во загреана рерна на 200 степени за време од 30 минути, додека поруменат. За време на печењето, парчињата месо превртете ги од другата страна.
  2. За подготовката на пилешкиот нагетс изберете пилешки стек од Слога. Долгогодишното искуство, квалитет и традиција ги прават производите на Слога задолжителен дел на секоја трпеза. А, можете да бидете и креативни. Направете нагетс и со свинско месо. Ако се одлучите за оваа верзија, употребете 500 г свински бут од Слога. Посетете ја веб страницата или Facebook фан страницата на Слога и разгледајте ја големата палета на производи кои ги нудат!

Ви препорачуваме да прочитате: Едноставен рецепт за пилешка салата.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран рецепт.

Сподели: