Кус кус со праз и суви пиперки 1

Кус кус со праз и суви пиперки – посен рецепт

Едноставен брз ручек за денови кога сакате да јадете нешто посно и лесно. Овој рецепт за кус кус со праз и суви пиперки, е одличен и за во деновите на постите. Се прави многу лесно и брзо.

Ако пак немате „при рака“ кус кус, може по желба да направите измена. На пример, можете да употребите просо, киноа или амарант, исто така одлично се вклопува комбинацијата на состојките.

Кус кус со праз и суви пиперки 2

Може да ве интересира: Редена кус кус салата со варени јајца.

Состојки:

  • 200 гр кус кус
  • 320 мл топла вода
  • 1 страк праз
  • 2 суви пиперки
  • сол и масло по потреба.

Подготовка:

  1. Ставете го кус кусот во подлабока чинија и прелијте го со топлата вода.
  2. Покријте го и оставете да отстои околу 10 минути, колку за да ја впие водата.
  3. Во тава на оган ставете малку масло, а откако малку ќе се загрее додајте го претходно исечканиот праз и сувите пиперки.
  4. Посолете и пржете кратко, додека празот и пиперките омекнат.
  5. Откако кус кусот ќе ја впие водата, промешајте го со вилушка и посолете по вкус.
  6. Додајте ги празот и сувите пиперки, промешајте и послужете. На здравје!

Рецептот го испратила: Катерина Милошевска Глигороска.

Ви препорачуваме да прочитате: Полнети пиперки со мелено месо и кус кус.

Сподели: