ладен зелен чај

Ладен зелен чај со јагоди

Освежителен и идеален за топлите денови! Можеби кај нас ладните чаеви со различни вкусови не се сѐ уште во тренд, но доколку сте посетиле некоја дестинација можеби сте пробале токму ваков чај. При една наша прошетка, имавме можност да пробаме ладен чај со пире од манго и јагоди, и многу ни се допадна. Така се роди идејата да го направиме овој ладен зелен чај, а бидејќи овој период ги имаме јагодите во изобилство, тие беа наш прв избор.

Рецептот гo искомбиниравме со зелениот чај со вкус на лимон од Витаминка и направивме супер летно освежување. А може да направите и ваша комбинација со останатите чаеви од палетата на Витаминка, како нане, хибискус, брусница, јагода и ванила, шумско овошје

ладен чај со јагоди

Состојки:

Подготовка:

  1. Во тенџере на оган ставете 4 чаши вода. Пред да зоврие водата, тргнете го тенџерето од огнот и додајте 3-4 филтер кесички Vitea зелен чај со вкус на лимон. По 3-5 минути извадете ги филтер кесичките и оставете го чајот да се излади.
  2. Во мал сад на оган, на умерена температура ставете ги јагодите, шеќерот, водата и кората од лимонот. Штом јагодите почнат да се варат, намалете ја температурата на ниско.
  3. Јагодите варете ги за време од 25 минути. Оставете ги кратко да се изладат, а потоа испасирајте ги со помош на кујнски блендер. Вака приготвениот сируп од јагоди ставете го во шише и оставете го целосно да се излади.
  4. Сирупот од јагоди чувајте го фрижидер во затворено шише и користете го по потреба.
  5. Во секоја чаша ставете неколку коцки мраз и додајте 3 лажици од сирупот од јагоди. Чашите дополнете ги со изладен зелен чај. Декорирајте со парчиња свежи јагоди и нане. По желба додајте уште сируп од јагоди. Уживајте!

А во семејството на Витамина има нов член. Погледнете на видеото:

Ви предлагаме да прочитате: Домашен чоколаден ликер со чоколадо и ванила.

*Комерцијален рецепт

Сподели: