Популарниот леб со банани и чоколадо – колач започна да се приготвува и кај нас. На Инстаграм може да се најдат повеќе креативни профили на млади девојки и момци кои се трудат светските трендови во готвењето да ги донесат и кај нас. Затоа, одлучивме да ги вклучиме најдобрите македонски фуд блогери од Инстаграм и да ги презентираме вкусните рецепти кои ги приготвуваат.
„Колач или леб со банани и чоколадо е одличен брз рецепт кој можете да го направите со само 4 состојки. Овој леб без брашно од 4 состојки се прави само со банани, овес, путер од кикирики и чипс од чоколадо. Тоа е тоа и е толку неверојатно вкусно! Како што реков, само 4 состојки! И оние што веројатно секогаш ги имате при рака.“ – вели Теодора.

Состојки:
- 2 зрели банани
- 2 чаши овесни снегулки
- 1 чаша путер од кикирики
- 1 чаша чоколаден чипс.
Подготовка:
- Обложете ја тавата со хартија за печење и загрејте ја рерната на 200 степени.
Во сад додајте ги бананите, овесот и путер од кикирики. Мешајте ги состојките со рачна маталка се додека се изедначат. Внимавајте да не го мешате тестото прекумерно затоа што тоа ќе доведе до погусто лепче. - На крај додајте го чоколадиот чипс и декорирајте го лебот по желба со тенки парчиња банана и неколку чоколадни зрнца пред печење.
- Лебот печете го за време од 30-35 минути. По печењето, оставете го целосно да се излади во садот.
- На крај извадете го и послужете го. На здравје!
Совети од авторот:
Лебот од банани чувајте го во затворен сад. Колку повеќе ви се зрели бананите, толку е посладок лебот. Слободно можете да го замените путерот од кикирики со путер од бадем или друг путер ако не сте голем љубител на кикирики. Овесот е тој што му дава текстура на лебот – совршен начин да го замените брашното. Доколку сакате да го направите рецептот без глутен, не заборавајте да користите овес без глутен. Чоколадниот чипс е клучна состојка. Но, слободно може да го искористите вашето омилено чоколадо.
Автор: Теодора Ѓикова, @theavogue.
Ви препорачуваме да прочитате: Банана леб со кикиритки и портокал.