Лесно и брзо за подготовка, а превкусно за целото семејство! Дали сте слушнале или пробале фахити? Тоа е популарно јадење кое доаѓа од мексиканската кујна, а е едно од омилените ширум светот. Најчесто се приготвува со месо, кромид и пиперки, а се служи со тортиљи. Совршен рецепт за летните денови, кој дефинитивно вреди да се проба.
Сигурни сме дека овој рецепт за фахити ќе се најде на списокот на вашите омилени јадења за ручек со месо. Сочните и меки парчиња месо кои се топат во уста, во комбинација со крцкавата и свежа пиперка и сладникавиот запржен кромид, едноставно не може да ве остават рамнодушни. А, кога ќе се додадат и домашно подготвената мешавина на зачини и вкусните тортиљи резултатот е воодушевувачки. За подготовка на фахити може да користите свинско месо, како и пилешко или телешко по желба. Вкусот е фантастичен, па вреди да се проба и во сите варијации во зависност од тоа какво месо имате на располагање во моментот.

Состојки:
- 3 парчиња (500 г) свежо свинско месо од Агриа (бут или кременадла)
- 1 главица црвен кромид
- 1 лимон или лимета
- З бабури (црвена, зелена и жолта)
- 3 лажици маслиново масло
- 1 лажичка чили во прав
- ½ лажичка црвен пипер
- ½ лажичка кромид во прав
- ½ лажичка црн пипер
- ½ лажичка кумин
- сол по вкус.
Подготовка:
- Кромидот и бабурите исчистете ги и исечкајте ги на ленти.
- Во друг сад измешајте 1 лажица маслиново масло со сок од ½ лимон, чили во прав, црвен пипер, кромид во прав, црн пипер, кумин и сол.
- Месото исечете го на ленти и добро истријте го со вака подготвената мешавина од зачини.
- Во нелеплива тава на оган, на средна температура ставете 1-2 лажици маслиново масло. Во загреаното масло додајте половина од зачинетото месо и пржете го околу 5-10 минути или додека е готово. Прженото месо тргнете го во сад на страна. Постапката повторете ја и со другата половина месо.
- Откако ќе се испржи месото, во тавата додајте 1 лажица маслиново масло и запржете го кромидот околу 2 минути. Потоа, додајте ги и сечканите пиперки и продолжете со пржењето дополнителни 2 минути.
- На крај, вратете го месото назад во тавата и кратко пропржете за да се комбинираат и соединат вкусовите.
- Врз готовото фахити исцедете го преостанатиот половина лимон и послужете го со тортиљи. На здравје!

Наша препорака:
Сакате да направите совршено фахити? Прв чекор е набавка на квалитетни намирници. Препорачуваме да користите локални намирници и свежо месо од Агриа. Месото е со врвен македонски квалитет, кој се должи на принципот од „нива до трпеза“. Свежото месо од домашно производство може да го најдете во месарниците на Агриа ширум земјава, а исто и во маркетите на Тинекс и Рамстор. Како домашна компанија која произведува свежо свинско месо Агриа се дел од кампањата „Купувам домашно“. Картичките можете да ги користите во нивните месарници и скари на кило во Велес, Битола и Градско. Да ги поддржиме македонските компании и да правиме добри избори при набавката!
Ви препорачуваме да прочитате: Мексиканско бурито со свинско месо.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран рецепт.