Вкусот на летото во чинија! Совршено македонско јадење кое одлично одговара со парче топол леб и сиренце. Мераци! Да си направиме и ние вкусен летен пинџур со зелени пиперки и уште неколку зеленчуци!
А на Бетина, од срце и се заблагодаруваме за прекрасната фотографија и рецептот.

Состојки:
- 750 г зелени пиперки
- 4 црвени домати
- 1 модар патлиџан
- 1-2 чешниња лук
- 100 мл масло
- сол по вкус.
Подготовка:
- Пиперките, доматите и патлиџанот измијте ги, а потоа испечете ги. Може да ги печете на рингла или во рерна загреана на 180 степени, во тава обложена со хартија за печење, додека да омекнат.
- Откако се испечат и изладат, излупете ги и исечкајте ги.
- Додајте го и претходно сечканиот лук.
- Измешајте добро, а по желба и истолчете.
- Посолете по вкус и промешајте.
- На крај, загрејте го маслото и со него попарете го пинџурот. На здравје!
Рецептот го испратилa: B.Kuzevski, zgotvenosoljubov.
Ви препорачуваме да прочитате: Лесен рецепт за летен пинџур.