Летна манџа со свинско и зеленчуци

Летна манџа со свинско, тиквичка и модар патлиџан

Совршен ручек или вечера за топлите летни денови! Користете свежи сезонски зеленчуци за да добиете најдобар вкус на летната манџа со свинско месо. Да ја искористиме сезоната на модрите патлиџани, тиквичките, доматите и пиперките и да ги направиме најдобрите летни јадења. 

Ако имате малку повеќе време на располагање, можете да ја намалите температурата и да ја варите манџата подолго, што ќе овозможи месото да омекне целосно и вкусовите да се соединат. Послужете ја манџата топла, со парче свеж леб, за вистински летен вкус. Уживајте!

Летна манџа со свинско месо

Состојки:

  • 400 г свинско месо од Агриа
  • ½ главица ситно сечкан кромид
  • 2 домати
  • 1 пиперка
  • 1 помал модар патлиџан
  • ½ тиквичка
  • 1 лажица црвена пипер
  • Магдонос
  • 2 лажици масло
  • Сол и мелен црн пипер по вкус. 

Подготовка:

  1. Свинското месо исечкајте го на коцки. Зачинете го со сол и мелен црн пипер. 
  2. Во тенџере ставете една лажица масло да се загрее. Во загреаното масло додајте го свинското месо и пропржете го околу 5 минути. Потоа извадете го од тавата. 
  3. Пиперката, доматите и модриот патлиџан исечкајте ги коцки. Тиквичката исечкајте ја на полукругови. 
  4. Во тенџерето додајте го преостанатото масло. Ставете го кромидот и пропржете го. Потоа додајте ја пиперката. Кратко испржете и додајте ги коцките домат. Пржете 5-7 минути. На крај додајте ги модриот патлиџан, тиквичката, месото, магдоносот и црвената пипер. Измешајте ги состојките да се соединат. По потреба додајте малку вода. Зачинете со сол и мелен црн пипер, намалете ја температурата и оставете ја манџата да крчка околу 20-30 минути, додека месото омекни. Послужете го јадењето додека е топло. На здравје!

Дали знаеш дека?

Агриа е синоним за квалитет, свежина и вкус, одржувајќи ја својата позиција на најголем производител на свинско месо во Македонија? Со своите современи фарми, кланица и мрежа од месарници низ земјата, Агриа обезбедува свежо, здраво и вкусно свинско месо за секој македонски дом. Месото може да го најдеш во нивните месарници во Битола, Штип и Велес, како и во Тинекс и Рамстор маркетите.

Свинско месо агриа

Може да те интересира: Грашок манџа со свинско месо.

*Рецептот е овозможен од Агриа.

Сподели: