Проја со тиквички

Летна проја со тиквички – брза и здрава!

Супер идеја за брз и здрав појадок! Време е за летна проја со тиквички. Може да ја направи секој, затоа што не се користи миксер, а состојките се мешаат со виљушка.  

Приготвена од здрави состојки е полн погодок за секој ден! 

Брза проја со тиквички

Состојки:

  • 500 г тиквички
  • 200 мл јогурт
  • 4 јајца
  • 1 чаша гриз
  • 1 чаша палента
  • ¼ чаша ладно цедено сончогледово масло – Фила
  • 1 ќесичка прашок за печиво
  • 1 мала лажичка копар или сув магдонос по избор
  • Сол, сирење или изварка по вкус.
Состојки за проја со производ

Подготовка:

  1. Тиквичките изрендајте ги, посолете ги и оставете ги да отстојат 10-15 минути за да пуштат вода. Потоа добро исцедете ги. 
  2. Во садот со тиквичките додајте ги јајцата, ладно цеденото масло, гризот, палената и прашокот за печиво. Измешајте ги состојките со виљушка. 
  3. Калапот (или кружна тава) обложете го со хартија за печење. Додајте ја смесата и печете во загреана рерна на 180 степени за време од 30 – 45 минути. 

Совети плус:

  • Ако пројата ја правите во кружна тава, времето за печење зависно од рерната е помало и е околу 30 минути. 
  • Ако се одлучите да ја печите пројата во калап за леб, тогаш печете ја подолго време. 
  • По желба може да додадете сирење, а за поздрава варијанта користете изварка. 
  • Ладно цеденото сончогледово масло од Фила може да го најдете во поголемите маркети низ земјата или да го нарачате онлајн преку веб продавницата на Фила
Брза проја со тиквички - нутритивна анализа

Од наведените состојки ќе добиете 8 порции, а деталната нутритивна анализа е следна:

  • Калории: 294 kcal.
  • Масти: 7 г (11%)
  • Заситени масти: 1 г.
  • Незаситени масти: 0 г.
  • Мононезаситени масти: 0 г. 
  • Транс масти: 0 г.
  • Холестерол: 0.
  • Протеини: 18 г (35%).
  • Јаглехидрати: 43 г (14%).
  • Растителни влакна: 2 г (7%).
  • Природни шеќери: 2 г.
  • Калциум: 165%.

Може да те интересира: Посна оброк салата со наут – здрава и го забрзува метаболизмот.

*Рецептот е овозможен од Фила

Сподели: