Мазник – вртена пита со мелено месо

Можеме да кажеме дека мазникот, кој уште се среќава под поимот вртена пита, тегната пита, колпите е стар македонски специјалитет зазема значајно место во македонската кујна и ден денес.

Постапката за припрема на мазник во различните краеви на Македонија е слична, а филот може да биде од сирење, урда, спанаќ, праз или мелено месо по желба.  Овој пат со вас го споделуваме одличниот рецептот за вртена пита со мелено месо на Катерина, кој мора да признаеме изгледа фантастично вкусно!

мазник вртена пита со мелено месо

Состојки:

  • 400 гр брашно
  • 1/2 филџан масло
  • 1/2 лажичка сол
  • 1 лажичка шеќер
  • млака вода по потреба.

Фил:

  • 400 гр мешано мелено месо
  • 1 главица ситно сечкан кромид
  • 100 гр пармезан (може да користите кашкавал за замена)
  • малку масло,
  • зачин, црн пипер,
  • вода по потреба.

Подготовка:

  1. Во длабок сад за месење ставете ги брашното, солта, маслото и шеќерот. По потреба додавајте млака вода и замесете средно меко тесто.
  2. Тестото поделете го на 7 дела. Секој дел обликувајте го форма на топче, а потоа секое топче исучете го како мала кора со дебелина од 2 см. Корите премачкајте ги со масло и оставете ги за време од 30 минути.
  3. Кромидот ситно исечкајте го.
  4. Во меѓувреме подгответе го филот. Во тава на оган ставете малку масло да се загрее. Во загреаното масло додајте го сечканиот кромид и кратко пропржете го. Потоа во тавата додајте го меленото месо. Зачинете и постепено додавајте вода додека се добие кашеста смеса. Сосема на крај додајте го пармезанот.
  5. Секоја кора растегнете ја со раце врз стар чаршав, попрскајте ја малку со масло и нанесете од филот.
  6. Соберете ја со помош на чаршавот најпрвин како ролат, а потоа во вид на полжавче.
  7. Повторете ја постапката со сите кори.
  8. Подготвените вртени пити наредете ги во плех обложен со хартија за печење. Приготвените пити печете ги во заграена рерна на 200 степени, додека убаво поруменат. На здравје!

Сподели: