Ваков рецепт до сега не сме виделе! Станува збор за брзи и лесни солени мафини од тестенини, со маслинки и сирење.
Кога станува збор за креативни и нови рецепти, Клара секогаш има да ни понуди нешто ново и интересно. Сигурни сме дека овој рецепт ќе ви се допадне и ќе ви се најде штом ви се најавиле пријателите на гости.

Состојки:
- 300 гр критараки тестенини со вкус на пиперка (во замена може да користите тестенини со изглед на зрно ориз)
- 100 гр печеница
- 100 гр сирење
- 100 гр маслинки
- 2 млади кромидчиња
- 3 јајца.
Подготовка:
- Маслинките, кромидот и печеницата ситно се сечкаат.
- Во тенџере на оган, ставаме вода да се вари. Во зовриената вода ги ставаме тестенините се варат. Овде се користени тестенини во вид на ориз со долго зрно кои се со вкус на пиперка. Во замена можи било кои поситни што ќе ги најдите.
- Варените тестенини се цедат од водата и се ставаат во длабок сад.
- Во садот се додаваат печеницата, сирењето, маслинките и кромитчињата. Состојките се мешаат убаво и на крај се додаваат јајцата. Се убаво и енергично се меша. Во намрсени калапи за мафини се става од смесата со помош на лажица и убаво се тапка. Додека се полнат калапите, повремено се промешува смесата во садот.
- Калапот за мафини се става во загреана рерна на 200 степени со вентилатор. Мафините од тестенини се печат за време од 20 минути, односно додека се запечат јајцата. Печените мафини од тестенини се служат додека се топли со сос по желба. На здравје!
Рецептот го испратил: Клара Бос.
Ви предлагаме да прочитате: Солени протеински мафини со зеленчук.