Мезе залачиња со тортиља, сирење и павлака

Мезе залачиња со тортиља, сирење и павлака – од кујната на Марија Кочовска

Ја отворам сезоната на летните брзи рецепти! Со само 4 состојки направи мезе залачиња со тортиља кои изгледаат преубаво, а се превкусни. 

Нема печење, а гостите ќе бидат воодушевени. Доволни ти се само 5 – 10 минути за подготовка, па така овој рецепт ќе ти биде еден од омилените. Идеални се за родендени, свечени трпези, имендени… Продолжи со читање и погледни го видеото од подготовката. 

Мезе залачиња со тортиља и автор

Состојки:

Мезе залачиња со тортиља и производ

Подготовка:

  1. Во чинија изреднајте го сирењето на ситната страна од рендето или испасирајте го со виљушка. 
  2. Во чинијата додајте ја павлаката и измешајте. 
  3. Секоја тортиља премачкајте ја со 1 лажица од филот со сирење. Исечете ја на 4-5 ленти. Салата пресечете ја на половина. Врз секоја лента ставете 2 парчиња салама. Лентите виткајте ги како мини ролати, а на крајот ставете лист босилек. Подготовката погледни ја на видеото. На здравје!

Совети плус:

Разгледај повеќе идеи и рецепти на моите профили на социјалните мрежи и заследи ме:

Може да те интересира: Од кујната на Марија – Брзи тортиља канапеи со павлака, салама и краставица.

*Рецептот е овозможен од Млекара Тетово.

Сподели: