Пробајте го нашиот малку поинаков и несекојдневен рецепт за мусака од пире! Одлична е во вкусот, а не се подготвува тешко. Вака припремената мусака со пире може да ја послужите со мешана салата од зелка, рендан морков и цвекло, зачинети со маслиново масло и јаболкова киселина. Супер е за целото семејство!

Состојки:
- 1,5 кг компири
- 250 гр мелено месо
- 1 главица кромид
- 2 чешниња лук
- 2 лажици путер
- млеко по потреба
- магдонос
- зачин, црн пипер, маслиново масло.
Подготовка:
- Компирите прво измијте ги и излупете ги, па исечете ги на помали коцки. Ставете ги во сад со вода да се варат.
- Кромидот и лукот ситно исечкајте ги.
- Во тава на оган, ставeте маслиново масло и оставете го да се загрее. Во тавата додадете ги и исечканиот кромид и лук да се запржат.
- Потоа додајте го меленото месо и промешајте. Кога месото ќе се запржи, се додаваат и зачините, се меша смесата и тавата се трга настрана од огнот.
- Варените компири процедете ги и испасирајте ги со алатка за пире.
- Додајте го путерот, млекото и зачин по вкус.
- Компирите кратко време ставете ги на оган, а притоа мешајте за да се добие хомогена смеса.
- Во намрсена тава за печење, се става прво половина од пирето, а врз него се додава филот од мелено месо.
- Се додава и останатата половина пире, се попрскуваме со малку масло.
- Така припремената мусака од пире се печи во загреана рерна на 200 степени за време од 25 минути, додека добие златна боја.
Мусаката се сервира додека е топла. На здравје!
Рецептот го испратил: Сузана Ѓорѓиевска