Овчарска пита – специјалитет со мелено месо во сос и пире од компири

Го истражуваме светот и ви ги презентираме најдобрите јадења со нашите пријатели Агриа! Овој пат ве водиме во Англија на дегустација на еден специјалитет кој се приготвува со мелено месо и пире од компири. Станува збор за познатата селска, овчарска пита.

Јадењето за прв пат се споменува во доцниот 18-ти и 19 век, во две различни варијанти. Селска пита која се приготвувала со јунешко мелено месо, и овчарска пита која се приготвувала со мелено овчко месо. 

овчарска пита

Состојки:

  • 2 лажици маслиново масло 
  • 1 чаша сечкан кромид
  • 450 г мелено месо од Агриа (јунешко или мешано по желба)
  • Зачини: 2 мали лажички сув магдонос, 1 лажичка сув рузмарин, 1 лажичка сува мајчина душица
  • ½ лажичка сол и ½ лажичка мелен црн пипер
  • 1 лажица ворчестер сос
  • 2 сечкани чешниња лук
  • 2 лажици брашно
  • 2 лажици доматно пире
  • 1 чаша говетски бујон
  • 1, 5 чаша замрзната златна мешавина.

За пире од компири:

  • 750 – 900 г компири, сечкани на коцки
  • 100 г несолен путер
  • ⅓ чаша млеко
  • ½ мала лажичка лук во прав, ½ мала лажичка сол и ¼ мала лажичка мелен црн пипер
  • ¼ чаша пармезан или кашкавал по избор. 

Подготовка:

  1. Прво започуваме со подготовка на месото. Во голема тава на оган ставете го маслото да се загрее. Додајте го кромидот и пропржете го околу 5 минути. Во тавата додајте го месото, зачините – магдонос, рузмарин, мајчина душица, сол и мелен црн пипер. Мешајте со дрвена лажица околу 6-8 минути, додека месото потемни. За време на пржењето, иситнете го месото како за мусака. 
  2. Во тавата додајте го ворчестер сосот и лукот. Измешајте и пропржете ги околу 1 минута. Потоа додајте го брашното и доматното пире. Измешајте за да се соединат.
  3. Во тавата додајте го бујонот и златната мешавина. Штом зоврие, намалете ја температурата и оставете го месото да крчка околу 5 минути. Повремено промешувајте. Тавата тргнете ја од огнот. 
  4. Рерната пуштете ја да се загрева на 200 степени. 
  5. Започнете со подготовка на компирите. Ставете ги во големо тенџере, додајте вода за да ги покрие. Ставете ги на оган и варете ги околу 10-15 минути. 
  6. Исцедете ги компирите и варете ги во тенџерето. Додајте ги путерот, млекото и зачините. Испасирајте ги, а на крај додајте го пармезанот и измешајте. 
  7. Смесата со месото ставете ја во тава (23*23 см). Врз месото нанесете го пирето од компири. Тавата ставете ја да се пече за време од 25-30 минути. 
  8. По печењето, оставете ја да се излади за време од 15 минути, а потоа сервирајте. На здравје!

Препорака плус:

Сакаш да го направиш овој специјалитет, но размислуваш од каде да набавиш квалитетно месо? – Посети ги месарниците на Агриа во Битола, Штип и Велес, или побарај го месото од Агриа во Тинекс и Рамстор маркетите. Секогаш свежо, домашно и со врвен квалитет.  А дали знаеш дека Агриа имаат свои фарми, кланица и фабрика за производство на сточна храна? Така се заокружува принципот од „нива до трпеза“ и се добиваа месо со најдобар квалитет. За повеќе новости, следи ги Агриа на:

Може да те интересира: Домашен бурек со месо – со готови кори, без месење.

*Рецептот е овозможен од Агриа.

Сподели: