„Сте пробале ли камиказе коктел? Името доаѓа од јапонскиот збор 神風 што во превод значи божествен ветер. Овежителен е, со цитрусна арома, а кога станува збор за количината на алкохол би го вклопила во групата на средно јаки коктели. Ги обожавам коктелите кои се приготвуваат со само 3-4 состојки, а овој е еден од нив. А уште подобро е што камиказе се прави со еднакви количини вотка, трипл сек и сок од лимета. Направете го и уживајте!“ – вели Марија, фудблогер и уредник на нашиот сајт.
А правиш ли коктели дома? Кој е твојот омилен коктел? Ако си љубител на коктели испробај го космополитен коктелот.

Состојки:
- 1 мала чаша (30 мл) вотка
- 1 мала чаша трипл сек (ликер од портокал)
- 1 мала чаша сок од лимета (зелен лимон)
- коцки мраз.
Подготовка:
- Во шејкер се става мразот и се додаваат состојките. Се меша и се става во чаши. Камиказе коктелот може да го послужите во мала чаша за ракија или во чаша за мартини.
- Ако немате шејкер, во чашата ставете мраз и додајте ги состојките. На здравје!

Ако ти се допадна рецептот, разгледај ги моите профили и заследи ме:
- Instagram – @kocovska.marija
- Facebook – Marija Kocovska
- Youtube – Marija Kocovska
- Tik Tok – @marija.kochovska.
Автор на рецепт: Марија Кочовска, @kocovska.marija.
Ви препорачуваме да прочитате: Маргарита – најпознатиот коктел од текила.