Има ли некој што не сака палачинки? – Сигурни сме дека сите ги обожаваат и ги прават во разни варијанти и комбинации, и тоа не само за десерт, туку и за појадок или вечера. А во оваа прилика ви откриваме одличен рецепт за подготовка на палачинки со хељда и зеленчук од нашата пријателка Валентина. Одлични за сите генерации!
Хељдата е богата со железо, содржи многу витамини, малку масти – само 3 %, а нискиот процент на јаглени хидрати ја прави непроценливо вредна храна за дијабетичарите. А брашното од спелта освен што е богато со витамини, содржи и хранливи материи, минерали и есенцијални органски соединенија кои ги нема во други житни култури и во пченицата, што го објаснува особениот интерес за спелтата. Затоа, драги пријатели не двоумете се, погледнете што ви е потребно и направете ги овие палачинки со хељда и зеленчук што поскоро.

Состојки:
За палачинки:
- 100 г зрна од хељда (искисната и исцедена)
- 60 г брашно од спелта
- 150 -200 г пченка од конзерва
- 1 рендана тиквичка
- 2 јајца
- 60 г рендан кашкавал
- 1 лажичка лук во прав
- ½ лажичка црвена пипер
- сол и црн пипер по вкус
- 2 гранчиња мајчина душичца, или друг зачин по вкус.
За сервирање:
- 1 авокадо со средна големина, дробено, зачинето со буковска пипер, лимон и мешан зачин, по вкус
- свеж домат
- фета сирење
- микс од семиња.
Подготовка:
- Пуштете ја рерната да се загрева на 200 степени. Тавата обложете ја со хартија за печење.
- Исцедената хељда и пченката се ставете ги во блендер и изблендирајте ги да се соединат.
- Во длабок сад измешајте ги останатите состојки додека да добиете хомогена смеса.
- Со помош на лажица земајте од смесата и во тавата за печење формирајте палачинки.
- Палачинките ставете ги во загреана рерна да се печат околу 30 минути или додека добијат златно-кафеава боја.
- Готовите палачинки сервирајте ги и послужете ги. На здравје!
Совет плус:
- По желба, палачинките може и да ги испржите.
- Бидете креативни и смесата за палчинки испечете ја во калапи за мафини.
Автор на рецептот: Автор на рецептот: Валентина Пргомет (homemadefoodcorner)
Ви препорачуваме да прочитате: Вегетаријански ќофтиња од хељда, просо и компир.