Вкусни, меки, воздушести! Ви откриваме рецепт за панцероти со мелено месо, повкусни и од оние во пекарниците. Идеални за појадок со чаша јогурт, за мезе со пријателите или вкусна вечера! Не двоумете се да ги пробате.
Внесете новина на трпезата и послужете ги најблиските со интересни панцероти. Погледнете кои состојки ви се потребни и направете ги во прва прилика. Гарантираме дека ќе ви се допаднат!

Состојки:
- 700-850 г брашно
- 250 мл млеко
- 250 мл млака вода
- 100 мл масло
- 1 лажичка шеќер
- 1 коцка квасец
- сол по вкус.
За фил:
- 500 г свежо мелено месо од Агриа
- 1 главица кромид
- 1 лажица кисела павлака
- 1 јајце
- црн пипер и мешан зачин по вкус
- 2-3 лажици масло.
За премачкување:
- 1 жолчка
- малку млеко.
Подготовка:
- Во сад ставете ја млаката вода и додајте ги квасецот, една лажичка шеќер и една лажица брашно. Измешајте за да се растопи квасецот. Садот оставете го на страна за време од 5-10 минути додека квасецот нарасне.
- Во сад за месење ставете ги брашното, топлото млеко, маслото, солта и нараснатиот квасец. Замесете помеко тесто. Доколку е потребно, додајте повеќе брашно. Тестото оставете го да нарасне.
- Кромидот ситно исечкајте го. Ставете го во тава со малку масло да се пропржи. Откако кромидот ќе омекне додајте го меленото месо и зачинете по вкус. Пржете на тивок оган додека месото е готово. Потоа, оставете го да се излади. Во месото додајте кисела павлака и јајце. Убаво измешајте.
- Нараснатото тесто префрлете го врз набрашнета површина и со сукало формирајте кори со дебелина од 3-5 мм. Со помош на голем калап или чаша исечете кругови од тестото. Ставете по една лажица фил на половина од секој круг, преклопете го тестото и притиснете ги рабовите со калапот или виљушка за да не се одлепат.
- Вака подготвените панцероти наредете ги во тава обложена со хартија за печење и оставете ги да нараснат.
- Жолчката изматете ја со виљушка и додајте малку млеко. Премачкајте ги панцеротите и ставете ги да се печат во загреана рерна на 220 степени додека поруменат.
- Готовите панцероти послужете ги додека се топли во комбинација со салата по избор. На здравје!
Наша препорака:
За да го доловите најдобриот вкус на панцеротите, препорачуваме да користите свежо мелено месо од Агриа. Можете да бидете и креативни во подготовката и да направите панцероти и со пица фил. Освен свежо месо во месарниците на Агриа (Битола, Штип и Велес) може да најдете сувомеснати производи од нивно производство. Месото од Агриа може да го набавите и до Тинекс и Рамстор маркетите, а ако ви е испробано, пишете ни како ви се допаѓа и споделете кој е вашиот омилен рецепт во групата Сѐ за храна.

Ви препорачуваме да прочитате: Традиционален рецепт за мусака со компири и мелено месо.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран рецепт.