Од секогаш ни се допаѓале компирите веџис кои може да се најдат во некои ресторани. Зачинети и крцкави, идеални за ручек или мезе. Решивме да пронајдеме и испробаме рецепт за печени компири веџис како поздрава варијанта. Па, еве успешниот рецепт да го споделиме со вас.
Следно, наместо да правите помфрит, пробајте ги овие печени зачинети компири.
Состојки:
- 4 компири
- ¼ чаша маслиново масло
- ¼ мала лажичка морска сол
- ¼ мала лажичка лук во прав
- ½ лажичка црвена пипер
- ¼ мала лажичка црн пипер
- 2 лажици ситно сечкан магдонос
- ¼ чаша пармезан.
Подготовка:
- Пуштете ја рерната да се загрева на температура од 235 степени Целзиусови.
- Компирите добро измијте ги. Потоа, без да ги лупите исечете ги на половина, а потоа од секоја половина исечете 3 парчиња.
- Исечените компири ставете ги во сад со вода и додајте 2 чаши коцки мраз. Оставете ги компирите за време од 30 минути. Потоа исушете ги со кујнска хартија.
- Во голема ќеса која може херметички да се затвора, ставете ја солта, лукот во прав, црвената пипер и црната пипер. Додајте ги компирите и измешајте ги заедно. Потоа додајте го маслиновото масло и мешајте додека компирите добро се зачинат.
- Во тава ставете хартија за печење. Наредете ги компирите и печете ги во загреаната рерна за време од 30 до 35 минути, додека заруменат и постанат крцкави.
- Додека компирите се печат, исечкајте магднос и изрендајте ¼ чаша пармезан. Измешајте ги заедно, а потоа поросете ги печените веџис компири. Послужете ги со кечап или сос по желба.
Ви предлагаме да прочитате: Зачинети печени компири со кисело млеко.