Веќе немате идеја како да ги припремите компирите за прилог? Ви претставуваме потполно нов начин за печени компири кој ќе ве воодушеви и вас, а ни децата нема да се бунат.
Веруваме дека пржењето на компирите и правењето на пире ви се досадило, па затоа ви претставуваме нов начин за припрема на печени компири. Станува збор за компири направени на шведски начин, со богат вкус, однадвор крцкави, а внатре меки. Ние ги испробавме во нашата кујна, па доколку се одлучите да ги направите, сигурно нема да погрешите.
Состојки:
- 3 компири со средна големина
- 2-3 чешниња лук
- 3 лажици маслиново масло
- 30 г путер
- сол и црн пипер по потреба.
Подготовка:
- Во тава на тивок оган ставете една лажица масло, путер и едно чешне лук. Мешајте додека путерот се растопи.
- Со помош на нож компирите исечете ги слаби парчиња, но не ги сечете до крај. Компирите ставете ги во ладна вода со мраз, во која ќе додадете свеж сок од лимон.
- Лукот извадете го од маслото, а потоа врз компирите нанесете од смесата од путер и масло. Печете ги компирите за време од 40 минути на 220 степени.
- На тивок оган ставете го преостанато масло, лукот и додадете зачини по желба (рузмарин, кари). Штом лукот ќе се запржи, тргнете ја тавата од огнот.
- Врз печените компири ставете по една лажица од маслото со зачини. Топлите печени компири на нов начин, послужете ги веднаш. На здравје!