Подготовката на зимница е во полн ек! Како и секоја година, така и оваа приготвуваме најразлични специјалитети во тегли. Ајвар, лутеница, домата и различни салати. Тоа е убавината на нашата традиција и земја богата со највкусните зеленчуци и овошја. Овој пат приготвивме печени модри патлиџани во тегли.
Модрите патлиџани во тегла го привлекоа нашето внимание, па одлучивме да го испробаме овој рецепт. Прва се пријави Марија од нашиот тим која ги приготви модрите патлиџани и го сподели рецептот со сите нас.

Состојки:
- 5 модри патлиџани
- 300 мл Брилијант високоолеинско сончогледово масло
- 300 мл вински оцет
- 2 лажици сол
- 1 лажица шеќер
- 4-5 чешниња лук
- 1 киска магдонос.
Подготовка:
- Модрите патлиџани измијте ги и исечете ги на ленти или кругови. Испечете ги на грил тава, скара или во рерна.
- Во тенџере на оган ставете ги маслото, оцетот, солта и шеќерот. Солилото варете го кратко.
- Лукот и магдоносот ситно исечкајте ги.
- Во чисти тегли ставете ред модри патлиџани, па додајте сечкан магдонос и лук. Постапката повторете ја додека ги наполните теглите.
- На крај додајте го жешкото солило во теглите. Во случај да не ви стигне солило, направете уште половина доза. Затворете со капак и превртете ги теглите. Оставете ги во претходно загреаната и исклучена рерна за да се изладат целосно.
- Теглите со модри патлиџани чувајте ги на ладно и темно место заедно со останатата зимница. Уживајте во светот на вкусовите!

Препорака од авторот:
„Време е за највкусната зимница. Овој пат решив да го испробам новото Брилијант високооолеинско масло од Витаминка и баш со него да направиме зимница. Први на листата беа печените модри патлиџани во тегли. Доброто кај овој рецепт е што веќе наредниот ден можете да ги пробате, одлични се како салата или прилог со месо. Од наведените состојки ќе добиете 3-4 тегли зависно од големината на модрите патлиџани. А еве еден важен совет од мене при подготовката на зимница: секогаш користете чисти, претходно стерилизирани тегли и нови капаци за затворање. Така зимницата ќе трае подолго и ќе го задржи првобитниот мирис и вкус.
А, кој е вашиот омилен рецепт за подготовка на модри патлиџани во тегла? – Споделете го во коментар или пишете ми. Повеќе испробани рецепти разгледајте на моите профили на Instagram или Facebook и следете ме.“ – вели Марија Кочовска од нашиот тим.

Ви препорачуваме да прочитате: Корнишони со копар и црн пипер.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран рецепт.