кременадли со кашкавал

Печени свински кременадли со кашкавал

Имаме супер идеја за гурмански ручек каков што не сте пробале! – Направете печени свински кременадли со кашкавал. Звучи примамливо, зарем не? Па друштво, ајде да ги пробаме!

Сигурно знаете дека тајната за подготовка на меко и сочно месо се крие во маринадата. Токму и во овој рецепт, кременадлите се маринираат, а потоа се печат. Така се постигнува убавата комбинација на вкусови која никој нема да го остави рамнодушен. Брзи се за подготовка и нема да ви одземат многу време, па се супер избор за летен и гурмански ручек или вечера. Може да ги послужите со варен компир и свежа салата.

Состојки:

Подготовка:

  1. Со нож направете процепи во кременадлите од двете страни. Месото ставете го во најлонска зип ќеса и додајте ја течноста од киселите краставички, сенфот, црвената пипер. Зачинете со сол и црн пипер по вкус. Ќесата затворете ја и добро измешајте. Оставете ги кременадлите во маринадата за време од 30-60 минути. А, ако немате време, може и веднаш да ги испечете.
  2. Маринираните свински кременадли заедно со течноста ставете ги во тава.
  3. Доматот исечкајте го на тенки кругови. Киселите краставички и кашкавалот изрендајте ги.
  4. Кременадлите премачкајте ги со мајонез, а врз секоја од нив ставете парче домат, па изрендани краставички.
  5. Вака подготвени, печете ги во претходно загреана рерна на 200 степени, околу 35-40 минути. На крајот од печењето, одозгора ставете рендан кашкавал. Продолжете со печењето уште 5-10 минути додека кашкавалот се растопи и порумени.
  6. Испечените кременадли со кашкавал послужете ги топли во комбинација со чаша вино. На здравје!

Совети плус:

  • Направете највкусните маринирани кременадли со кашкавал! Набавете свежи свински кременадли од Агриа и започнете со вкусен кулинарски предизвик. Свежото свинско месо може го најдете во месарниците на Агриа (Битола, Штип и Велес) или Тинекс и Рамстор маркетите. Месото е со врвен квалитет, кој се должи на принципот од „нива до трпеза“. Од Агриа имаат свои фарми, кланица и фабрика за производство на сточна храна, па така го произведуваат највкусното свежо месо во Македонија.
  • Наместо кременадли за подготовка на рецептот може да користите и парчиња свинска плешка или бут.
  • Времетраењето на печењето е во зависност од дебелината на парчињата месо кои ги подготвувате.
печени кременадли агриа

Ви препорачуваме да прочитате: 5 грешки кои треба да ги избегнувате при подготовка на кременадли.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран рецепт.

Сподели: