Печени свински ребра со пиво

Време е за домашен ручек! Бавно печени свински ребра со компири. Месо кое се двои со виљушка, меко и сочно. Иако имаме безброј рецепт, сепак класичните и едноставни рецепти кои се пренесуваат низ генерациите се едни од највкусните.
Ако ги прашаш врвните готвачи и тие ќе се согласат дека најубавите рецепти за месо се прават на ниска температура, а месото се пече подолго време. Па, за време на викенд, празници или во било кој ден кога имате повеќе време, подгответе го овој рецепт. Ребрата се меки и сочни, па секој би каснал парче плус. Сервирани додека се топли со компири се прав избор за целото семејство. 

печени свински ребра со пиво и компири

Состојки:

  • 2,5 кг свински ребра од Агриа
  • 50-100 мл масло
  • Крупна сол 
  • 1 чаша вода
  • 200 мл пиво
  • 1 кг компири
  • 1 лажица мешан зачин
  • Мелен црн пипер.

Подготовка:

  1. Ребрата засечете ги, но не ги пресекувајте до крај. Ставете ги во тава.  
  2. Поросете ги со крупна сол, премачкајте ги со масло. Во тавата додајте 1 чаша вода. 
  3. Тавата покријте ја со алуминиумска фолија и ставете ја во загреана рерна на 180 степени. Печете ги ребрата околу 2 часа. 
  4. Компирите измијте ги и излупете ги. Ако користите млади компири, само добро измијте ги и исечкајте ги на коцки. Зачинете ги со мешан зачин и мелен црн пипер. 
  5. Тавата извадете ја од рерната и отстранете ја фолијата. Прелијте ги ребрата со пивото и додајте ги компирите. Зголемете ја температурата на 200 степени и печете уште 45 минути. Послужете ги додека се топли. На здравје! 

Препорака плус:

За подготовката користи квалитетно свежо свинско месо. Може да ги препорачаме Агриа – македонска компанија која произведува домашно свинско месо на принцип од „вила до виљушка“.  Посети ги нивните месарници (Битола, Велес и Штип) или побарај го месото од Агриа во Тинекс и Рамстор маркетите. 

совети за печено месо во рерна

За сите новости:

Може да те интересира: Печени свински ребра со соја сос.

*Рецептот е овозможен од Агриа.

Сподели: