9 испробани рецепти со тиквички

Печени тиквички со сос од лук

Тиквичките се симбол на летото. Ниската калорична вредност и застапеноста на растителни влакна ги прават идеална и лесна храна за сите кои сакаат да ја намалат телесната тежина и да се хранат здраво.

На блогот Trydiani го најдовме овој рецепт за печени тиквички со сос од лук, кој многу ни се допадна и затоа го споделуваме со вас. Вегетаријански, без глутен и вкусно!

Состојки:

  • 2 средни тиквички
  • 2 -3 лажици маслиново масло
  • 2 чешниња лук
  • 2 мали лажички мајчина душица
  • 1 лажица буковска пипер или чили, по желба
  • ¼ чаша пармезан
  • сол и црн пипер по вкус

Подготовка:

  1. Тиквичките добро измијте и со помош на нож исечете ги на слаби парчиња, но не сечете ги до крај.
  2. Лукот ситно исечкајте го.
  3. Во мал длабок сад ставете го исечканиот лук, солта, црвената пипер и маслото. Лукот истолчете го за да добиете паста. Во пастата од крем додајте ги пармезанот, мајчина душица по вкус и измешајте.
  4. Тиквичките ставете ги во тава обложена со хартија за печење. Со приготвената паста од лук премачкајте ги тиквичките и нанесете помеѓу исечените парчиња.
  5. Тиквичките ставете ги да се печат во загреена рерна на 200 до 220 степени за време од 25 минути. Потоа извадете ја тавата, а тиквичките повторно премачкајте ги со пастата од лук и зачини.
  6. Тавата повторно ставете ја во рерна и печете уште 20 до 30 минути, додека тиквичките омекнат и имаат добиено румена боја. Печените тиквички зачинете ги со црн пипер, мајчина душица и чили по желба. Топлите печени тиквички послужете ги со динстани шери домати, варени тестенини или сос од сенф. На здравје!
печени тиквички

Сподели: