Ни доаѓаат убави празници! Иако ќе прославиме само со најблиските, треба да ја внесеме празничната магија во својот дом. Трпезата нека изобилува со специјалитети, а наш предлог е печеното свинско каре во бело вино.
Знаеме дека највкусните јадења се приготвуваат со љубов и време. А, баш таков е и овој рецепт. Месото полека се печи – динстува во рерна на тивок оган неколку часа. Така е меко, сочно и многу вкусно.

Состојки:
- 2 кг свинско каре од Слога
- 250 мл бело вино
- 100 мл масло
- 3-4 чешниња лук (може и повеќе по желба)
- 3 ловорови листови
- 1 лажица сол
- ½ лажица мешан зачин
- ½ мала лажичка мелен црн пипер
- 1 мала лажичка буковска пипер
- 1 мала лажичка оригано
- рузмарин по желба
- 12 ленти чадена сланина.
Подготовка:
- Свинското месо оставете го да се одмрзни, а ако има некои жили отстранете ги. Потоа исечете го на два до три дела и измијте го.
- Месото ставете го во пекач, стаклен сад или тава со капак (ако немате капак, покријте го со алуминиумска фолија).
- Солта, мешаниот зачин, мелениот црн пипер, буковската пипер и ориганото ставете ги во мал сад. Измешајте ги.
- Месото зачинете го со подготвената мешавина од едната и другата страна.
- Во садот додајте го лукот, рузмаринот, ловоровиот лист, маслото и белото вино. Садот покријте го со капак или алуминиумска фолија. Месото печете го во загреана рерна на 150 степени за време од 4 до 5 часа, во зависност од рерната. По 2 часа од печењето, месото превртете го и премачкајте го со омекнатиот лук. На крајот од печењето, наредете ги лентите сланина и отстранете го капакот или фолијата. Печете уште 20-30 минути.
- Печеното месо оставете го да се излади, а потоа исечете го на парчиња. Послужете го со печен зеленчук по желба. Среќни празници!
Наша препорака:
За да направите вкусен празничен специјалитет со свинско каре, изберете ги производите на Слога. Долгогодишното искуство, квалитет и традиција ги прават производите на Слога задолжителен дел на секоја трпеза. Набавете замрзнато свинско каре од Слога и започнете ја кулинарската авантура. Покрај свинско каре, нивната палета нуди најразлични свински производи како свински бут без коска, свинско филе и свински врат. Посетете ја нивната веб страна или Facebook фан страна и разгледајте подетално кои производи ги нудат!
Ви препорачуваме да прочитате: Свинско каре во сос од шампињони.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран рецепт.