Сакате да подготвите убаво печење за вашите најблиски? – Имаме одличен предлог за вашето денешно мени! Направете печено свинско каре и послужете го со гарнир и салата по ваш избор. Сигурни сме дека во вкусот ќе уживаат сите членови на семејството.
Оваа идеја е одлична за брз и вкусен ручек без многу мака. Изненадете ги вашите најблиски со вкусно печено свинско каре кое можете да го направите со зачини кои ги имате во кујната.

Состојки:
- 1 кг свинско каре
- масло
- ароматични зачини по ваш вкус
- сол и црн пипер по вкус.
Подготовка:
- Месото оставете го да се одмрзни, а потоа засечете го со нож на неколку места. Зачинете го по свој вкус – лук во прав, магдонос, рузмарин, босилек, сол и црн пипер. Прелијте го со масло и ставете го во најлонска кеса. Вака подготвеното месо оставете го во фрижидер неколку часа, а најдобро е преку ноќ.
- Извадете го месото од фрижидер и оставете го на собна температура околу еден час пред подготовката.
- Во тавата во која ќе печете ставете масло да се загрее и кратко пропржете го месото од сите страни. Потоа, додајте малку вода и ставете го месото да печи во претходно загреана рерна на 200 степени додека добие убава боја.
- За време на печењето, повремено, превртувајте го и преливајте го со течноста од тавата. По потреба, додавајте вода.
- Печеното свинско месо оставете го во тавата 15 минути да ги впие соковите, а потоа исечете го на парчиња и послужете го. По желба, парчињата месо прелијте ги со сокот од тавата во која се печело. На здравје!
Ви препорачуваме да прочитате: Свинско каре во сос од шампињони.