Рецепт кој нѐ остави без коментар! За љубителите на свинско месо имаме одличен предлог. Печено свинско каре кое лесно се подготвува и е супер предлог за богат ручек или вечера со семејството.
Ако сте во потрага по нов, а лесен рецепт со кој ќе ги изненадите пријателите кои ги очекувате на вечера, ова е идеална прилика за вас. Овој рецепт за печено свинско каре е едноставен и без многу состојки, па секој може да го подготви.

Состојки:
- 500 г свинско каре
- 10 танко исечени ленти сланина
- 2 лажици мед или јаворов сируп
- маслиново масло
- сол и црн пипер по вкус.
Подготовка:
- Свинското месо оставете го да се одмрзни во фрижидер за време од неколку часа или преку ноќ.
- Одмрзнатото свинско месо зачинете го со сол и црн пипер по вкус. Потоа, ставете го во тава со загреано масло и кратко пропржете го од сите страни.
- Откако месото ќе порумени, тргнете ја тавата од огнот.
- Лентите сланина наредете ги една до друга на работната површина. Ширината на сланината треба да биде доволна за да го завиткате свинското каре.
- Со помош на кујнски нож, месото ставете го врз лентите сланина и внимателно завиткајте го. Ако користите помали парчиња свинско каре, секое од нив завиткајте го со сланина.
- Вака подготвеното свинско месо ставете го во тава за печење. Премачкајте го со мед или јаворов сируп и ставете го во загреана рерна на 200 степени. Печете 15-20 минути.
- Извадете го месото од рерна и со кујнска четка премачкајте го со течноста од тавата. Потоа, повторно ставете го да се печи. Постапката повторете ја 2-3 пати за време на печењето.
- Откако месото ќе се испечи и ќе добие убава боја извадете го од рерната и оставете го да се излади.
- Свинското каре исечете го на парчина и послужете го со чаша вино. На здравје!
Ви препорачуваме да прочитате: Свинско каре во сос од шампињони.