Печен свински врат со зачини

Во потрага сте по вкусен рецепт за неделен ручек со вашето семејство или пак, ви се најавија гости? – На вистинското место сте. Пробајте го овој рецепт за печен свински врат кој има одличен вкус!

Состојките кои се потребни се едноставни и лесно може да се набават. Па, ви предлагаме да го подготвите овој печен свински врат кој по желба може да го послужите со салца и печени компири. Салцата убаво ја збогатува целата приказна и додава нота на свежина, па веруваме дека на секој ќе му се допадне. Ајде да го пробаме!

печен свински врат

Состојки:

  • 1 свежо парче свински врат (околу 2 кг) од Агриа
  • 1 лажичка црвен пипер
  • 1 лажичка лута црвена пипер
  • 1 лажичка сенф
  • 1 лажичка коријандер
  • мајчина душица по вкус
  • 1 лажичкa сол
  • кора од лимон.

Состојки за салца:

  • 2 црвени пиперки
  • 2 домати
  • 1 главица кромид
  • чили зачин
  • магдонос или лист коријандер
  • маслиново масло
  • сок од лимон
  • сол и црн пипер по желба.

Подготовка:

  1. Во блендер ставете ги коријандерот, лутата и слатка црвена пипер, и сенфот. Добро изблендирајте за да добиете хомогена смеса.
  2. Во смесата додајте мајчина душица, сол и кора од лимон. Измешајте.
  3. Премачкајте го месото со мешавината од зачини.
  4. Потоа, завиткајте го и врзете го месото со кујнски конец.
  5. Вака подготвеното месо кратко пропржете го во малку загреано масло од двете страни.
  6. Кога месото ќе зарумени, тргнете го на страна. Префрлете го во тава и ставете го да се печи во загреана рерна на 180 степени. Печете околу еден час и половина.
  7. Додека месото се печи, подгответе ја салцата. Исечкајте кромид, домати и пиперки на ситни коцки.
  8. Додајте магдонос или лист коријандер, чили, црн пипер и сок од лимон. Ставете сол по вкус и убаво измешајте. Подготвената салца послужете ја со печеното свинско месо. На здравје!

Наша препорака:

Изборот на квалитетни состојки е клучен за вкусно јадење. Најдобро е да користите свежо свинско месо од месарниците на Агриа (Битола, Штип и Велес).Од Агриа имаат свои фарми, кланица и фабрика за производство на сточна храна. Штом еднаш ќе го пробате свежото месо од Агриа, сигурни сме дека тоа ќе биде ваш прв избор! Затоа, ви препорачуваме да набавите свинско месо од месарниците на Агриа или маркетите на Тинекс и Рамстор. Додајте малку зачини и уживајте во гурманскиот специјалитет.

печен свински врат

За сите новости и акции посетете ја новата веб страница на Агриа и следете ги на нивната фан страница на Facebook.

Ви препорачуваме да прочитате: Свинско каре во сос од шампињони.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран рецепт.

Сподели: