Пирошки со фил од мелено месо

Пирошки со фил од мелено месо

Кој е за вкусни и сочни пирошки?! – Идеални се за појадок или вечера! Супер вкусни, од состојки кои сите ги имаме дома. Одличен специјалитет на трпезата! Овие пирошки со фил од мелено месо се превкусни, а и интересни за изглед. Убави за честење на гости и за радување на домашните. Вреди да ги пробате!

За подготовка на пирошките, може да користите свинско, јунешко или мешано мелено месо. За да бидете сигурни дека ќе изберете квалитетно месо ви препорачуваме да ги посетите месарниците на Агриа ширум земјата. Во нивните месарници во Велес, Битола и Штип ќе пронајдете свежо свинско и јунешко месо од домашно производство. Месото е со врвен македонски квалитет, кој се должи на принципот од „нива до трпеза“. Од Агриа имаат свои фарми, кланица и фабрика за производство на сточна храна која доаѓа од македонските полиња. Набавете месо од кај нив и направете ги највкусните пирошки. Еве го рецептот:

Пирошки со фил од мелено месо

Состојки:

За тесто:

  • 750 г брашно
  • 7 г сув квасец
  • 500 мл млака вода
  • 50 мл масло
  • сол по вкус.

За фил:

Подготовка:

  1. Состојките за тестото ставете ги во подлабок сад и замесете ги. Тестото покријте го со кујнска крпа и оставете го да нарасне.
  2. Во меѓувреме, ситно исечкајте го кромидот. Ставете го во тава со малку масло да се пропржи. Откако кромидот ќе омекне додајте го меленото месо и зачинете по вкус. Пржете на тивок оган додека месото е готово. Потоа, оставете го да се излади.
  3. Тестото извадете го на набрашнета површина и премесете го. Со раце земете едно топче тесто со големина по ваша желба и развлечете го.
  4. Ставете една лажица фил, преклопете го тестото и притиснете ги рабовите со виљушка за да не се одлепат. Постапката повторувајте ја додека имате тесто.
  5. Во тава со претходно загреано масло ставајте ги пирошките да се пржат на средно висока температура. При тоа, внимавајте да не се залепат. Пржете ги од двете страни додека поруменат.
  6. Готовите пирошки послужете ги со сос по ваша желба. На здравје!
Агриа мелено месо

Ви препорачуваме да прочитате: Лења пита со мелено месо – без месење.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран рецепт.

Сподели: