„Мазникот, кој уште се среќава под поимот вртена пита, тегната пита, колпите е стар македонски специјалитет зазема значајно место во македонската кујна и ден денес. А бидејќи на многумина пицата им е омилена, решив да направам една интересна комбинација и приготвив пица мазник.
Сигурна сум дека ќе биде вашиот омилен мазник и топло ви препорачувам да го пробате. Топол или ладен, има одличен вкус!“ – вели Марија Кочовска, фуд блогер и уредник на нашиот сајт.
Состојки:
- 400 гр брашно
- 50 мл масло
- ½ лажичка сол
- малку шеќер
- млака вода по потреба.
Фил:
- 150 гр кашкавал или сирење по желба
- 150 гр маринирани шампињони
- 150 гр шункова салама по желба
- кечап по потреба
- оригано.
Подготовка:
- Во длабок сад за месење ставете го пресеаното брашно, солта и шеќерот. Измешајте ги со лажица, а потоа додајте го маслото. Во садот постепено додавајте ја млаката вода и замесете средно меко тесто. Продолжете со месењето на тестото за време од 5 до 10 минути.
- Потоа, тестото поделете го на 7 дела. Секој дел обликувајте го форма на топче, а потоа секое топче исучете го како мала кора со дебелина од 2 см. Корите премачкајте ги со масло и оставете ги за време од 30 минути.
- Во меѓувреме подгответе го филот. Кашкавалот и шунковата салама исечкајте ги на мали коцки или изрендајте ги на ситната страна од рендето. Печурките исечкајте ги на мали коцки. Во длабок сад ставете ги сечканиот кашкавал, саламата и печурките, и добро измешајте ги.
- Врз стар чаршав, секоја кора растегнете ја со раце, а краевите отсечете ги.
- Кората попрскајте ја малку со масло, кечап, наросете оригано и нанесете од филот.
- Соберете ја со помош на чаршавот најпрвин како ролат, а потоа во вид на полжавче.
- Постапката повторете ја со сите кори.
- Подготвениот пица мазник ставете го во плех обложен со хартија за печење и печете го во загреана рерна на 220 до 250 степени, за време од 15 до 20 минути, додека добие убава румена боја. На здравје!
Ако ти се допадна овој рецепт и сакаш да следиш повеќе рецепти од мене, посети ги моите профили и заследи ме:
- Instagram – @kocovska.marija
- Facebook – Marija Kocovska
- Youtube – Marija Kocovska
- Tik Tok – @marija.kochovska.
Ви предлагаме да прочитате: Рецепт за домашен мазник со сирење.