Ова е специјалитет кој лесно се подготвува и не ви се потребни посебни кулинарски вештини! Oд „морето“ рецепти за пица, ви предлагаме нешто поразлично кое веруваме дека ќе ви се допадне и тоа како! Припремете се за сочен вкус и неодоливо мезење пица со колбаси и сланина, вкусна и совршена за сите генерации и сите љубители на вкусни дружби!
А за да ја направите највкусната пица со колбаси и сланина ви препорачуваме да ги набавите домашните македонски колбаси од Агриа. Во нивните месарници (Велес, Битола и Штип) се достапни различни типови на колбаси од нивно производство. Може да најдете скараџиски, селски, домашни, барени колбаси, како и различни месни преработки. Кои и да ги изберете сигурни сме дека совршено ќе се вклопат во подготовката на пиците. А за сите новости и акции посетете ја веб страницата на Агриа и следете ги на Facebook и Instagram.

Состојки:
За тесто:
- 500 г брашно
- 1 јајце
- 1 ќесичка сув квасец
- 1 чаша свежо млеко
- 2 лажици кисело млеко
- 2 лажици масло
- ½ лажичка сода бикарбона.
За фил:
- 150 грама колбаси по избор од Агриа
- 2-3 лажици доматен сос
- 100 г сланина
- 50 г сечкани шампињони
- 200 г рендан кашкавал
- сол по вкус
- мајчина дишица и/или оригано по вкус.
Подготовка:
- Во подлабок сад ставете ги брашното, јајцето, млекото, киселото млеко и маслото. Додајте ги содата бикарбона и квасецот, и замесете тесто. Покријте го тестото со најлонска фолија и оставете го на топло место да нарасне до двојна големина.
- Колбасите и сланината исечкајте ги на парчиња и ставете ги во посебен сад.
- Тестото поделете го на 2 топчиња со еднаква големина. На набрашнета површина расукајте ги топчињата во форма на круг.
- Секое од тестото за пица ставете го во тава претходно обложена со хартија за печење.
- Одозгора премачкајте со доматен сос и посипете мајчина душица и/или оригано по вкус.
- Врз корите наредете парчиња колбаси и сланина и покријте ги со рендан кашкавал. Врз кашкавалот ставете исечкани шампињони и неколку тенки полукругови од домат по желба.
- Вака подготвените пици ставете ги да се печат во претходно загреана рерна на 250 степени, околу 10-12 минути.
Совети плус:
- За да заштедите на време, можете да користите и готово тесто за пица.
- Ако сте љубители на пикантни јадења, додајте и чили сос.

Ви препорачуваме да прочитате: Печени колбаси со сланина и кашкавал.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Поддржан рецепт.