посен намаз од тиквички

Посен намаз од тиквички

Еве нешто ново, интересно и вкусно за јадење, како што досега не сте пробале. Од кујната на нашата пријателка Диана ни доаѓа нов рецепт за посен намаз од тиквички и грав, кој верувајте вреди да го пробате во првата прилика.

Приготвувањето на посниот намаз од тиквички, нема да ви одземе многу време, а ќе уживате во новиот вкус заедно со целото семејство. За екстра вкус ви предлагаме намазот да го послужите со домашни печени лепчиња. Вегетаријанско, посно, без глутен и здраво! Што велите за предлогот?

посен намаз од тиквички

Состојки:

  • 1 лажица масло
  • 1 чешне лук
  • 1 поголема тиквичка
  • 2 чаши варен грав
  • 2 лажици свеж сок од лимон
  • 1 до 2 лажици таан
  • ½ лажичка црвена пипер по желба
  • ½ лажичка сол
  • ½ лажичка ким
  • црн пипер по вкус
  • свежи зачини.

Подготовка:

  1. Тиквичките исечете ги на тенки ленти, премачкајте ги со масло, посолете ги со сол и наросете ги со мелен црн пипер. Вака припремените тиквички печете ги на скара додека омекнат.
  2. Доколку на располагање немате скара, во нелеплива тава на оган, на умерена температура ставете масло да се загрее. Во загреаното масло ставете ги лентите тиквички и пропржете ги додека омекнат.
  3. Во блендер ставете ги печените тиквички, варениот и цеден грав, сокот од лимон, таанот, мелениот ким, црвената пипер, солта и миксирајте ја смесата до посакуваната конзистенција. Готовиот намаз од тиквички послужете го веднаш. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Вегетаријански намаз од зеленчук.

Сподели: