Посакувате вкусен деликатес кој се подготвува за само 10 минути? Овие похувани ролнички со шунка се баш такви. Рецептот го подготви Катерина Јанкуловска, а ние го споделуваме со вас. Брзо и лесно до топло предјадење или вкусна вечера.
Во топлите летни денови сите сакаме брзи и едноставни рецепти кои нема да ни одземат многу време. Израдувајте ги домашните со превкусни похувани ролнички со шунка за кои потребни ви се само неколку состојки и малку слободно време. Лесно се подготвуваат и може да ги направи секој. Имаат одличен вкус па веруваме дека ќе му се допаднат на сите!

Состојки:
- бел леб сечен на парчиња
- 1 павлака
- 400 г кашкавал
- 250 г шунка
За валање:
- брашно
- сусам
- 5 јајца
- лебни трошки.
Подготовка:
- Кашкавалот и шунката исечкајте ги на потенки парчиња.
- Со помош на сукало, исукајте го тенко секое парче леб.
- Парчињата леб премачкајте го со павлака. Врз павлаката ставете две парчиња салама и парче кашкавал.
- Вака подготвените лепчиња свиткајте ги во ролат.
- Брашното ставете го во посебен сад. Во друг сад ставете ги јајцата и изматете ги со помош на виљушка. Лебните трошки и сусамот измешајте ги во посебен сад.
- Подготвените ролати од лепчиња извалајте ги прво во брашно, па во јајца и на крај во мешавината од лебни трошки и сусам.
- Ставете ги да се пржат во тава на претходно загреано масло. Пржете околу 1 минута и вртете го лепчето од сите страни.
- Послужете ги топли во комбинација со тартар сос и чаша вино. На здравје!
Автор на рецептот: Катерина Јанкуловска (katerina_foodforfoodies).
Ви препорачуваме да прочитате: Похувани пилешки прсти со сусам и ленено семе.