пржена риба со зачини

Пржена риба со зачини

За рибата се знае дека е најздравото месо, па се препорачува да се консумира барем два пати во текот на неделата. Без разлика дали ќе направите печена во рерна, на скара или пржена риба, таа треба често да биде дел од вашата исхрана.

Некои не го обожаваат мирисот на рибата и ја избегнуваат. Но, се зависи од начинот на подготовка. За да го елиминирате непријатниот мирис постои супер трик, кој може да го прочитате тука. А исто така еве еден рецепт од Славица, во кој рибата се подготвува со зачини кои и даваат убав шмек. И не заборавајте да направите една од следните 19 идеи за гарнирање на риба.

пржена риба

Состојки:

  • риби по желба
  • пченично брашно по потреба
  • пченкарно брашно по потреба
  • сечкани жалфија и рузмарин
  • сол
  • црвена пипер
  • црн пипер
  • ловоров лист
  • масло за пржење.

Подготовка:

  1. Пченичното и пченкарното брашно се ставаат во длабок сад и се мешаат. Во садот се додаваат сечканата жалфија, рузмарин, црвената пипер, црниот пипер и сол по вкус. Убаво се мешаат зачините за да се добие хомогена смеса.
  2. Рибите се нарежуваат, а потоа валкаат во смесата од брашно и зачини од сите страни.
  3. Во нелеплива тава на оган, на средно висока температура ставаме масло да се загрее. Во маслото додаваме 2-3 листа од ловор.
  4. Кога маслото е убаво загреано ги ставаме рибите да се пржат. Пржиме од двете страни за време од 10 минути или повеќе во зависност од големината на рибите.
  5. Откако ќе се испржат, рибите ги ставаме над кујнска хартија за да се впие вишокот на масло. Топлата пржена риба послужете ја со лимон и прилог по желба. На здравје!

Рецептот го испратил: Славица Колева.

Ви препорачуваме да прочитате: Риба со прилог од печен зеленчук.

Сподели: