Ви останал леб и не знаете што да направите? Ова е одличен рецепт за да го искористите бајатиот леб кој ви останал од претходниот ден. Вкусните пржени лепчиња со јајца и јогурт се идеални за појадок, а се приготвуваат едноставно и брзо.
Често ги приготвуваме, а доколку до сега немате пробано или не знаете како се прават, запишете го овој рецепт и во првата прилика пробајте ги овие пржени лепчиња со јајца. Со бел или интегрален леб, подеднакво се вкусни!

Состојки:
- 5 јајца
- 100 мл јогурт
- неколку крушки бајат леб
- сол по вкус
- масло за пржење.
Подготовка:
- Лебот исечете го на тенки кришки, а уште подобро е доколку користите фабрички исечен леб. Јајцата ставете ги во длабока чинија и изматете ги со виљушка.
- Во чинијата со јајцата додајте го јогуртот и посолете по вкус.
- На оган, на средно висока температура ставете нелеплива тава и додајте масло да се загрее.
- Секоја кришка леб, потопете ја во чинијата со матените јајца и ставете ја во загреаното масло да се пржи. Пржете од двете страни за време од 2 минути, односно додека лепчињата добијат златно жолта боја.
- Пржените лепчиња, ставете ги врз кујнска хартија за да се впие вишокот на масло. Послужете ги додека се топли со чаша јогурт или свежа салата. На здравје!
Ви предлагаме да прочитате: Солена торта со бајат леб.