Нема матење, а и месење! Затоа овој рецепт за вкусната пченкарна пита ни се допадна, па го споделуваме со сите.
Време е за нов рецепт за лесна пченкарна пита со сирење и тиквичка. Благодарение на креативноста на Катерина, сега ќе може да пробаме пита со сирење, тиквичка, павлаката и компири. Звучи вкусно, нели?

Состојки:
- 200 гр пченкарно брашно
- 200 гр пченично брашно
- 3 јајца
- 1 тиквичка
- 4 компири
- 1 главица кромид
- 200 гр кисела павлака
- 130 гр сирење
- 1 прашок за пециво
- по потреба сол и црн пипер.
Подготовка:
- Компирите излупете ги.
- Во длабок сад изрендајте ги компирите, тиквичката и кромидот.
- Додајте ги јајцата и павлаката, и убаво измешајте.
- Во друг длабок сад ставете ги пченкарното и пченичното брашно. Измешајте ги и додајте го прашокот за печивото. Повторно измешајте и смесата постепено додавајте ја во садот со ренданата тиквичка и компири.
- На крај, додајте го ренданото сирење и зачинете со сол и црн пипер.
- Измешајте ја убаво смесата и префрлете ја во правоаголен плех премачкан со масло (димензии 35-45 цм).
- Пченкарната пита печете ја во загреана рерна на 200 степени за време од 40 минути.
- Откако питата ќе се испече оставете ја малку да се излади, а потоа исечете ја на коцки. Топлата пченкарна пита со сирење и тиквичка послужете ја со јогурт, павлака или кисело млеко по желба. На здравје!
Рецептот го испратил: Катерина Милошевска Глигоровска.
Ви предлагаме да прочитате: Пченкарен кекс со афион.