Рецепт за домашен леб

Рецепт за домашен леб

Има ли нешто подобро од топол домашен леб? Самиот мирис потсетува на детството, на убави мигови, на важни нешта, а деновиве се совршени за подготвување на нови добри рецепти. Ви препорачуваме малку поинаков рецепт за домашен леб, вкус на кој не сте навикнале, а сигурно ќе ве освои со својата уникатност!

Рецепт за домашен леб

Состојки:

  • 1 ќесичка сув квасец (7 грама)
  • 1 лажичка шеќер
  • 1/4 чаша топла вода
  • прстофат ѓумбир во прав
  • 1/3 чаша мед
  • 1/4 чаша путер (растопен)
  • 1 мала лажичка сол
  • 3/4 лажичка сода бикарбона
  • 6 чаши брашно
  • 2 чаши топла матеница (како замена користете 2 чаши млеко измешани со 2 лажици свеж сок од лимон)

Подготовка:

  1. Во длабок сад за месење се ставаат ѓумбирот, квасецот, шеќерот и водата. Се меша добро и се остава квасецот да нарaсне.
  2. Во посебен сад се ставаат матеницата, медот, солта, содата бикарбона и се мешаат. Смесата со матеница се додава во садот за месење. Во садот за месење се додаваат 3 чаши брашно и се замесува тесто.
  3. Потоа се додава путерот и преостанатите 3 чаши брашно.
  4. Тестото се става во сад кој што претходно е намачкан со масло. Со маслото се премачкува и тестото, се покрива со чиста крпа и се остава да нарасне 1 час и 30 минути.
  5. Откако тестото ќе нарасне се дели на два дела, кратко се премесува и се става во намрсени калапи за леб. Калапите се прекриваат со крпа и се оставаат да нараснат уште 45 минути.
  6. Кога тестот ќе нарасне во втор пат се става во загреана рерна на 200 степени и се пече 30 минути. Aко лебот брзо зарумени, калапите прекријте ги со алуминиумска фолија. Откако лебот ќе се испече премачкајте го со путерот и оставете го 10 минути кратко да се излади во калапите.

Сподели: