карфиол во тегли

Рецепт за карфиол во тегли

Сите ние постојано сме во потрага во рецепти за зимница кои не содржат конзерванси, а со тоа можеме да уживаме во сезонската храна подолг временски период. Така и овој пат, од нашата градина собравме карфиол и решивме да го припремиме за зимница. Сигурни сме дека и вам ќе ви биде од корист, па затоа овој рецепт за карфиол во тегли го споделуваме со вас. 

Количината на состојките наведени во рецептот е по желба, во зависност од карфиолот кој го имате на располагање. Земете неколку чисти стерилизирани тегли и за кратко време пригответе си карфиол во тегли, кој може да го консумирате во текот на ладните зимски месеци.

карфиол во тегли

Состојки:

  • Карфиол (количина е по желба)
  • Сол
  • Шеќер
  • Бела киселина.

Подготовка:

  1. Карфиолот добро се мие и се сечка на мали делови. Исечакниот карфиол се реди во тегли.
  2. Во секоја тегла се става 1 мала лажичка сол, 1 мала лажичка шеќер и 50 мл бела киселина. Доколку сакате да добиете посолен карфиол, може да ја зголемите количината на сол. Во теглите се дополнува вода и се затвораат.
  3. Вака подготвените тегли ги виткаме со хартија и ги редиме во шерпа на оган. Во шерпата налеваме вода и оставаме да зоврие водата. Откако ќе зовријат, вариме уште 5 минути да на тивок оган. Шерпата ја тргаме од оган и оставаме да се излади за време од 24 часа. Наредниот ден, теглите ги вадиме, ја отстрануваме хартијата и ги редиме кон останатата зимница.

А доколку сакате да знаете повеќе за здравствените придобивки и користа на карфиолот за организмот, кликнете овде.

Сподели: