рецепт за грчко суфлаки

Рецепт за свинско суфлаки

Наизглед слични со нашите ражничи, суфлаки се популарно грчко јадење кое традиционално се прави со свинско месо. Месото се маринрира со медитерански зачини и маслиново масло, а потоа се пече. 

Тоа е популарна улична храна која најчесто се сервира во пита со ѕаѕики, сок од лимон, домати и кромид. Може да се направи и со пилешко или телешко месо, или нивна комбинација. 

печено свинско суфлаки

Состојки:

  • 1.5 кг свинско филе од Агриа
  • 3 лажици бел вински оцет
  • 5 лажици екстра девствено маслиново масло
  • 6 чешниња сечкан лук
  • 1 лажица сенф
  • 2 мали лажички оригано
  • 1,5 мали лажички свеж рузарин
  • 1 мала лажичка црвена пипер
  • ¾ мала лажичка мелен црн пипер
  • 1,5 мала лажичка сол
  • Масло
  • 1 лимон. 

Подготовка:

  1. Свинското филе исечете го на коцки со големина околу 2,5 см. 
  2. Во голема чинија ставете ги оцетот, маслиновото масло, лукот, сенфот, ориганото, рузаринот, пиперта и црниот пипер. Додајте го месото и добро измешајте. Чинијата покријте ја со најлонска фолија и оставете го месото да се маринира во фрижидер најмалку два часа. Најдобро е месото да се маринира преку ноќ. 
  3. Пред да го печете месото, извадете го од фрижидерот околу 30 минути. Дрвените стапчиња потопете ги во вода (оваа постапка е важна за да не изгорат на скарата). 
  4. На секое стапче редете од парчињата месо. На крај, посолете го и премачкајте го преостанатата маринада. 
  5. Загреаната грил тава или скарата премачкајте ја со малку масло. Ставете ги суфлаките и печете ги 4-5 минути по страна (или подолго ако сакате попечено месо).
  6. Печените суфлаки ставете ги во чинија и покријте ги со фолија. Оставете ги да се изладат 4-5 минити. 
  7. Пред служење попрскајте ги со свежо цеден сок од лимон. Може да ги сервирате врз пита, со ѕаѕики сос, парчиња црвен кромид, домат и прстофат црвена пипер. На здравје!
свинско суфлаки

Совети плус:

  • Најдобро е да користите свежо свинско месо. Посетете ги месарниците на Агриа во Битола, Велес и Штип и набавате квалитетно свинско месо од домашно производство. Месото од Агриа може да го најдете и во Тинекс и Рамстор маркетите.
  • Ражничите наредете ги поблиску во тавата (скоро за да се допираат). На овој начин ќе бидат посочни.
  • По печењето во тавата може да ги потпечите питите во кои ќе го сервирате месото.

А дали знаеш дека Агриа и Тинекс ги наградуваат најлојаните потрошувачи? Погледни како може да учествуваш и да освоиш една од вредните награди. За сите новости и акции посетете ја веб страницата на Агриа и следете ги на Facebook и Instagram.

агриа наградна игра

Може да те интересира: Најдобриот рецепт за домашно гиро со свинско месо.

*Рецептот е овозможен од Агриа.

Сподели: