Од ризницата на стари и добро рецепти кои вреди да се пробаат ја издвоивме сочната раванија со гриз и кисело млеко. Подготовката е едноставна и брза, слободно пробајте и споделете го искуството.
Рецептот за турската раванија со гриз и кисело млеко ни доаѓа од кујната на Клара. За овој рецепт таа вели: „Најкомпактната и многу вкусна раванија до сега што сум ја пробала. Составот и начинот на подготовка на крај резултираат со раванија која не се рони и насекаде е прелиена/впиена со шербет кој не се цеди и многу брзо се апсорбира кога ќе се полие.“

Состојки:
- 3 јајца
- ½ чаша шеќер
- 1 чаша кисело млеко
- 1 чаша масло
- 1 чаша гриз
- 3 лажици брашно
- ½ ќесичка прашок за печиво
- 1 рамно лажиче сода бикарбона
- кора од 1 лимон.
Шербет:
- 2 ½ чаши вода
- 2 ½ чаши шеќер
- ½ лимон.
Подготовка:
- Најпрво е добро да се подготви шербетот за да можи да олади. Се ставаат шеќерот и водата во тенџере на оган на средна температура. Откако шербетот ќе зоврие, се остава да се вари уште 5 минути. Потоа се додава лимонот исечен на кришки и се вари уште 3 минути. Се трга од рингла и се остава да олади.
- Јајцата и шеќерот се ставаат во сад за матење. Се матат со миксер додека шеќерот се растопи и се добие густа смеса.
- Киселото млеко и сода бикарбоната се мешаат во друг сад. Потоа се додава киселото млеко во садот со јајца и се меша со лажица.
- Се додаваат и останатите состојки редоследно.
- Смесата се истура во намрсена тава (20х30) и се печи во загреана рерна од 200 степени додека раванијата порумени и се формира кора на површината.
- Жешка раванијата се полива со ладниот шербет. Откако за кратко време ќе се впие шербетот, се сечи на посакувани коцки или ромбоиди и се служи со сецкани ф`стаци или некое друго јаткасто овошје врз секое парче. На здравје!
Рецептот го испратил: Клара Бос.
Ви предлагаме да прочитате: Раванија со лешници.