Ролат од мелено месо – лесна подготовка

Потребна ви е идеја за брзо и лесно јадење? – Меленото месо секогаш е добра опција за тоа! А, ако сакате да биде вкусно и декоративно, пробајте го овој ролат од мелено месо кој одлично се вклопува на секоја трпеза!

Состојките се едноставни и лесно достапни. Штом го пробате или имате некој омилен рецепт за подготовка на ваков специјалитет, пишете ни во групата на Сѐ за храна.

Ролат од мелено месо

Состојки:

За фил:

  • 3 лажици маслиново масло
  • 2 лажици сенф
  • 2-3 моркови
  • 4 кисели краставички
  • 50 г кашкавал.

Подготовка:

  1. Кромидот исчистете го и изрендајте го или ситно исечкајте го. Магдоносот измијте и и исто така ситно исечкајте го.
  2. Во длабок сад ставете го меленото месо и додајте ги претходно припремените магдонос и кромид, мешаниот сув зачин и јајцето. Ставете сол и црн пипер по вкус и измешајте. Садот покријте го со најлонска фолија и оставете го во фрижидер 2 часа.
  3. Морковите исчистете ги и исечкајте ги на подебели ленти. Ставете ги да се варат во солена вода додека омекнат.
  4. На работната површина ставете алуминиумска фолија и премачкајте ја со малку маслиново масло. Врз неа ставете го месото и со дланката распоредете го во правоаголна кора со дебелина од 1,5- 2cm.
  5. Кората премачкајте ја со 1 лажица маслиново масло и сенф.
  6. Краставичките и кашкавалот исечкајте ги на парчиња по должина. Во средината од кората ставете парчиња морков, кисели краставички и кашкавал.
  7. Со помош на фолијата завиткајте го месото и формирајте ролат. Ролатот ставете го во сад за печење, претходно премачкан со 2 лажици масло.
  8. Печете во загреана рерна на 180 степени, околу 30 минути. На здравје!

Совети плус:

  • По желба, во ролатот може да ставите и маринирани шампињони.
    Ако сакате, маслиновото масло, заменете го со сончогледово.
  • Ролатот со мелено месо ќе биде уште повкусен ако користите свежо и квалитетно мелено месо, за што без сомнеж ги препорачуваме месарниците на Агриа ( ги има во Битола, Штип и Велес) за да набавите месо со врвен квалитет. Агриа произведуваат домашно свинско и телешко месо, кое е идеално за подготовка на вкусни специјалитети. Телешкото месо е достапно само во нивните месарници, а свинското месо може да се најде и во Тинекс и Рамстор маркетите. За сите новости и акции посетете ја веб страницата на Агриа и следете ги на Facebook и Instagram.
Мелено месо Агриа

Ви препорачуваме да прочитате: Гулаш на американски начин.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Поддржан рецепт.

Сподели: