ролат од мелено месо

Ролат од мелено месо со сос од кечап и чили

Дали сакаш да испробаш нешто многу вкусно за викенд или за време на празниците кои доаѓаат? – Припремивме ново гастрономско уживање и јадење кој сигурно ќе го запишеш во тетратката со омилени рецепти. Испробај го пикантниот ролат од мелено месо со сос од кечап и чили. 

Можеби досега си пробал слична варијанта со варени јајца, но овој рецепт е поразличен. А подготовката е едноставна! Посети ги месарниците на Агриа во Битола, Штип и Велес и набави домашно свежо месо со врвен квалитет. Месото од Агриа може да го најдеш и во Тинекс и Рамстор маркетите.

ролат со мелено месо во сос од кечап

Состојки:

  • ½ среден кромид исечкан на коцки
  • 1 лажичка путер
  • 2 јајца
  • ¾ чаша млеко
  • ¾ чаша лебни трошки (презла)
  • 1 кг мелено месо од Агриа
  • 1 лажица кечап или чили сос
  • 1 лажичка мешани зачини (оригано, мајчина душица, босилек, лук во прав) 
  • 2 лажици сечкан свеж магдонос или 2 лажички сушен магдонос
  • 1 лажичка сол
  • ½ лажичка црн пипер повеќе по вкус.

За сос:

  • ½ чаша чили сос
  • ½ чаша кечап
  • 2 лажици кафеав шеќер по желба.

Подготовка:

  1. Загрејте ја рерната на 180 степени. Тавата обложете ја алуминиумска фолија или хартија за печење. 
  2. Во мала тава на оган, на средна температура ставете го путерот да се растопи. Додајте го кромидот и пропржете го. Тргнете ја тавата од оган и оставете ја да се излади. 
  3. Во длабока чинија измешајте ги јајцата, млекото и лебните трошки. Оставете ја смесата да отстои 5-10 минути.
  4. Во чинијата додајте ги меленото месо, кромидот, кечап или чили сос, миксот од зачини, магдонос, сол и зачинете со мелен црн пипер по вкус. Измешајте за да се соединат состојките. 
  5. На подготвената тава за печење формирајте „леб” со димензии 20*10 см. Тавата ставете ја во рерната и го ролатот за време од 40 минути.
  6. Додека се печи ролатот од месо, измешајте ги чили сосот и кечапот (и кафеавиот шеќер доколку користите). Распоредете го сосот врз месото и печете уште 10-15 минути. 
  7. Тавата извадете ја од рерната и оставете го месото да отстои 10 минути пред да го исечете и послужите. Послужете го со пире и свежа салата по желба. На здравје!

Може да те интересира: Панцероти со мелено месо.

мелено месо од Агриа

*Рецептот е поддржан од Агриа. За сите новости и акции посетете ја веб страницата на Агриа и следете ги на Facebook и Instagram.

Сподели: