Одлична идеја за вкусен оброк! Ролнички со мелено месо, кои може и да ги послужите како мезе за вашите пријатели. Имаат одличен вкус па сигурни сме дека ќе му се допаднат на сите! Рецептот ни го испрати нашиот пријател Дејан, а ние го споделуваме со вас.
За кратко време направете вкусни ролнички со мелено месо за вашето семејство. Наведената количина на состојки е за 3 ролнички, но по потреба може и да ја зголемите дозата. Во продолжение прочитајте што ви е потребно и направете ги што поскоро.

Состојки:
- 2 листови готови кори
- 200 г мелено месо
- 1/2 глвица кромид
- 1 јајце
- маслиново масло
- 1 лажичка димена црвена пипер
- сол, црн пипер и лук во прав по вкус.
За сос:
- павлака или грчки јогурт
- маслиново масло
- зачини ( нане, сол и црн пипер по вкус)
Подготовка :
- Кромидот ситно исечкајте го. Ставете го во тава со претходно загреано масло на ниска температура и пропржете го.
- Откако кромидот ќе омекне додајте го меленото месо и пржете околу 10 минути. Додајте сол, црн пипер, лук во прав и црвена пипер. Измешајте и оставете го садот настрана.
- Земете две кори и поделете ги на три еднакви делови. Врз секој дел ставете по една лажица од филот со мелено месо и завиткајте ги во ролат. Одозгора премачкајте ги со претходно изматено јајце.
- Наредете ги во тава, прелијте ги со маслиново масло и наросете крупна сол. Ставете го да се печат во претходно загреана рерна на 200 степени, околу 15 минути (додека поруменат).
- Во меѓувреме подгответе го сосот. Во сад ставете го грчкиот јогурт или павлаката. Додајте маслиново масло и зачини (нане, сол, црн пипер и лук во прав по вкус).
- Готовите ролнички послужете ги со подготвениот сос. На здравје!
Автор на рецептот: Дејан Главчев (glavcevdejan).
Ви препорачуваме да прочитате: Лиснати коктел ролнички со колбаси.