Македонската кујна е богата со голем број на традиционални и убави рецепти. Таков е и овој рецепт за сарма од свежа зелка. Нашите баби беа вешти и ја приготвуваа оваа сарма во есенскиот период – во посна и мрсна варијанта, зависно од вкусот.
Додека ја чекаме киселата зелка, може да уживаме во вкусот на сармата и со свежа зелка. Постапката за подготовка е малку поразлична, затоа што зелката прво се вари со оцет и вода, а потоа листовите се вадат.

Состојки:
- 1 поголема зелка
- 500 г мелено месо од Агриа
- 1 кафена шолја ориз
- 1 главица ситно сечкан кромид
- 1 лажица мешан зачин
- 1 мала лажичка црвена пипер
- Сол и мелен црн пипер по вкус
- Ситно сечкан магдонос
- 1 поголем домат
- 100 мл масло
- ½ кафена шолја вински оцет со 4%.
Подготовка:
- Отсечете го кочанот на зелката. Зелката ставете ја во големо тенџере, така што вдлабената страна да биде горе.
- Во вдлабениот дел ставете го винскиот оцет и додајте сол. Дополнете со вода, скоро колку да ја покрие зелката. Варете ја зелката покриена со капак околу 10 минути. Повремено отворете го тенџерето и внимателно со дрвена лажица одвојте ги листовите.
- Штом зелката омекне, тенџерето тргнете го од огнот. Зелката извадете ја и оставете ја врз плитка чинија да се излади.
- Потоа внимателно вадете лист по лист. Со нож отстранете го тврдиот дел од листот. Ако листовите се поголеми, поделете ги на два дела.
- Во тава на оган ставете го маслото да се загрее. Додајте го кромидот и пропржете го на тивок оган. Зачинете го со црвена пипер, мешан зачин, црн пипер и посолете го. Добро измешајте и оставете го кратко да се излади.
- Оризот исчистете го и измијте го. Потоа додајте го во тавата со кромидот и измешајте.
- Во поголема чинија ставете го меленото месо. Во средината направете отвор и додајте ги кромидот и оризот. Ставете го и магдоносот. Добро измешајте за да се соединат состојките.
- Земете лист од зелката и ставете го на левата рака. Кон почетокот на листот ставете по една лажица од филот и формирајте сарма. Како се витка сарма, можеш да погледнеш на видеото.
- Сармите наредете ги во тенџере. Доматот исечкајте го и излупете го. Додајте го во тенџерето, налејте вода за да ги покрие сармите и варете ги на тивок оган.
- Штом сармата е сварена, наредете ја во тава, додајте малку од течноста во која се вареше и потпечете ја во рерна на 220 степени. Послужете ја додека е топла. На здравје!

Дали знаеш дека:
Агриа произведуваат македонско домашно свинско месо со врвен квалитет? Имаат свои фарми, кланица и фабрика за производство на сточна храна која доаѓа од македонските полиња. Свежото свинско месо може да го најдете во нивните месарници во Битола, Штип и Велес, како и во Тинекс и Рамстор маркетите. А овој период Агриа и Тинекс ве наградуваат. Биди дел од најлојалните потрошувачи и освој вредни подароци.

Каква е традицијата во твојот крај? Дали се приготвува сарма од свежа зелка? – Сподели го твојот рецепт во групата Сѐ за храна.
Може да те интересира: Сарма со кисела зелка по традиционален рецепт.
*Рецептот е поддржан од Агриа.