Свежи пиперки полнети со изварка 1

Свежи пиперки полнети со изварка

Кога немате многу време а сакате да каснете нешто вкусно, овој рецепт е првиот на кој што треба да се сетите во летниот период. Можеби сте пробале слично јадење, а препорачуваме да го пробате и нашиот едноставен рецепт за свежи пиперки полнети со изварка.

Може да ве интересира: 7 избрани и лесни рецепти со пиперки.

Свежи пиперки полнети со изварка 2

Состојки:

  • Зелени пиперки по потреба
  • Изварка по потреба
  • сол по вкус
  • масло по потреба.

Подготовка:

  1. Најпрво измијте ги пиперките, а потоа малку потсечете им ги дршките за да не сметаат при печењето. По желба може да ги отстраните и целосно, но така е поголема можноста за изварката да излезе од пиперката за време на печењето или сервирањето.
  2. Откако ќе завршите со дршките, пиперките пресечете ги по должина.
  3. Изварката насолете ја по вкус (освен ако не е веќе солена) и додајте малку масло. Измешајте ја добро, а потоа со неа наполнете ги пиперките.
  4. Пред печење налејте по малку масло врз секоја пиперка, а исто така пред да ги редите премачкајте ја и тавата.
  5. Пиперките ставете ги да се печат во претходно загреана рерна на 180-200 степени, за време од околу 20-25 минути или додека заруменат. Тоа е тоа, лесно и вкусно, на здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: Посни полнети пиперки со ориз и соја трошки.

Сподели: