Рецепт за сите оние кои немаат многу време, а сакаат нивното семејство да има вкусен оброк на трпезата. Чекор по чекор ви откриваме како да направите свински врат во рерна на најлесен и наједноставен начин.
Брзо се подготвува, а зачините може да се менуваат по ваш вкус. Направете го, сервирајте го со гарнир по желба и послужете го во комбинација со чаша црвено вино. Уживајте и на здравје!

Состојки:
- 1 кг свински врат од Агриа
- сол и црн пипер по вкус
- зачини по желба (црвена пипер, коријандер, мајчина душица, ловоров лист…)
- вода по потреба.
Подготовка:
- Месото измијте го и исечете го на потенки шницли. Убаво зачинете ги од двете страни и наредете ги во тава за печење.
- Во тавата ставете и неколку ловорови листови.
- Прелијте го месото со вода (околу 1cm) и ставете го да се печи во претходно загреана рерна на 180 степени.
- Печете додека месото добие убава боја. За време на печењето, првртете го месото од другата страна.
- Печениот свински врат послужете го со гарнир по желба. На здравје!
Совети плус:
- По желба, може да се испече и цело парче месо. Во тој случај, прелијте го месото со масло и зачинете го по желба. Ставете го во ќеса за печење и оставете го во фрижедер неколку часа, а најдобро преку ноќ. Ќесата со парчето месо ставете ја во тава и печете во загреана рерна на 200 степени, околу 90 минути (во зависност од големината на парчето месо и рерната). Откако ќе се испечи, месото оставете го да се излади, а потоа исечете го и послужете го.
- А за да одберете свинско месо со врвен квалитет ви препорачуваме да ги посетите месарниците на Агриа ширум земјата или да го побарате нивното свежо месо во Тинекс и Рамстор маркетите. Агриа имаат свежо, вкусно и висококвалитетно свинско месо од домашно производство. За сите новости и акции посетете ја веб страницата на Агриа и следете ги на Facebook и Instagram. Да купуваме домашно и да го поддржиме македонското производство!

Ви препорачуваме да прочитате: Кременадли во кремаст сос од печурки.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран рецепт.