За да го започнете денот свежи и полни со енергија, потребно е јадете здрав појадок кој е најважниот оброк. Многумина со кои имаме разговарано често ни велат дека наутро не можат да појадуваат, па затоа им предлагаме да си направат смуди од малини или друго овошје кое е богато со витамини и минерали кои се важни за одржување на здравјето.
Летото е период кога овошјето го има во изобилство на пазарите, па затоа набавете си поголема количина и замрзнете си. Во следниот рецепт ви претставуваме смуди од малини, а наведените состојки се доволни за 4 порции. Пробајте го и уживајте во овошниот освежителен вкус.

Состојки:
- ½ чаша вода
- 1 чаша кисело млеко или јогурт
- 1 чаша замрзнати малини
- ½ чаша сок од јаболко
- 1 мала лажичка екстракт од ванила
- 2 чаши мраз
- кафеав шеќер по желба.
Подготовка:
- Во мало тенџере на оган, на средно висока температура ставете ги шеќерот и водата да се варат. Повремено мешајте ги додека шеќерот се растопи за време од 5 минути. Шеќерниот сируп оставете го да се излади за време од 20 минути.
- Во блендер ставете ги изладениот сируп, киселото млеко, малините, сокот од јаболко, екстрактот од ванилата и мразот. Блендирајте ги додека добите хомогена смеса.
- Готовото смуди од малини ставете го чаши и послужете го веднаш. На здравје!
Ви предлагаме да прочитате: Освежително смуди од јагоди.